Економија
Обраќање на Сараќини и Ристовски на конференција организирана од АВРМ
Министерот за економија Ваљон Сараќини заедно со министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски се обратија на 9. Директорска конференција на тема „Премостување на јазот меѓу системот на образование и потребите на работни места“, во организација на Агенцијата за вработување на Република Мак
„Во последниве неколку години, посебно поради влијанието на светската економска криза, научната јавност и креаторите на политиките посветуваат значително внимание на односот меѓу основањето на нови фирми, самовработувањето и економскиот напредок. Во Западна Европа, високите стапки на невработеност, во комбинација со ограничениот економски раст, претставуваат предизвик за креаторите на политиките да дадат поголемо значење на претприемништвото и самовработувањето, како начини да се поттикне економскиот раст и да се намали невработеноста“, истакна министерот Сараќини во своето обраќање.
Општоприфатено е мислењето дека претприемништвото е движечка сила на секоја национална економија, бидејќи претприемачите не само што самите се вработуваат, туку истовремено креираат нови работни места и на тој начин играат важна улога во економскиот и општествениот живот.
Министерство за економија, информираше Сараќини, имајќи го значењето на претприемништвото и малите и средни претпријатија, превзема разни мерки и активности за поддршка и развој на МСП и претприемништвото и тоа преку поддршка на старт-ап центрите, регионалните бизнис центри, бизнис инкубаторите, но и преку давање на услуги на МСП за воведување на стандарди, вршење промоција на нивните производи, поддршка и развој на кластерско здружување, кофинансирање на компаниите за воведување на стандарди за квалитет. Министерството за економија започна и со директна финансиска поддршка на жени – претприемачи, но исто така прави напори за промовирање на претприемништвото и претприемачкото учење со тоа што неколку години наназад кофинансира и организира обуки за студенти и средношколци за подготовка на бизнис план, трибини за самовработување, Европски ден на претприемачот итн.
„Притисокот за вработување кој се чувствува во актуелното бизнис опкружување, особено со зголемувањето на бројот на млади невработени луѓе, би можел во голема мерка да биде олеснет доколку бизнисот и образовниот систем работат многу поблиску во подготвувањето на граѓаните и општеството за работните предизвици кои ги носи иднината“, истакна Сараќини.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски во своето излагање подвлече:
„Владата прави сериозни напори да направи баланс помеѓу понудата и побарувачката на трудот. Во изминатите неколку месеци во неколку наврти најавивме корекции на овој систем“.
Токму конференцијата, според Ристовски, покажува колку се сериозни намерите на Владата за регулирање на понудата и побарувачката на трудот.
„Неодамна со министерот за образование и наука и со директорот на Агенцијата за вработување најавивме пилот проект за тестирање на средношколците во периодот пред да се запишат на факултет, односно правилно насочување на основците во процесот на нивно запишување во средно училиште, токму со цел да ги насочиме кон оние гранки кои можат најлесно да бидат употребени на пазарот“, посочи Ристовски. Истото, нагласи, се случува и ќе се случува и понатаму со квотите на факултетите.
„За факултетите, кои врз основа на анализите продуцираат кадар кој не може да најде соодветно работно место, ќе препорачаме намалување на квотите. Тоа ќе го направиме од причина да не се доведеме во ситуација свесно да продуцираме невработени висококвалификувани кадри“, појасни Ристовски на денешната конференција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

