Економија
Рејтингот на земјите од ЕУ, на ревизија ако Грција излезе од еврозоната
Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings има намера да го стави рејтингот на сите земји во еврозоната за ревизија за намалување, доколку Грција ја напушти како резултат на политичката криза, или поради неуспех да одговори на обврските кон кредиторите, се вели во соопштението на агенцијата.
„Неуспехот за формирање коалициска влада ја зголемува веројатноста од нови избори во јуни. Ако новата влада нема да може или нема да сака да ги исполни условите од договорот со ЕУ и ММФ, земјата би можела да ја напушти еврозоната. Во таква атмосфера, предвремените избори ќе бидат клучен настан за иднината на земјата и на еврозоната генерално“, сметат аналитичарите на Fitch.
Во почетокот на мај, агенцијата го објави извештајот „Иднината на еврозоната: алтернативно сценарио“, во кој ги предупреди владите на земјите од регионот на единствената европска валута за веројатноста на намалување на рејтинзите со негативни прогнози, во случај на излегување на Грција од еврозоната. Меѓу тие земји се Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Кипар, Словенија, Белгија и Ирска.
Истовремено, агенцијата смета дека негативното сценарио може да стане катализатор за поголема финансиска интеграција на земјите од регионот и, најмногу од сè, неговото влијание ќе биде помалку значајно, забележуваат аналитичарите.
„Нови избори во јуни ќе ја стават под сомневање способност на грчките власти да разработат план за натамошни мерки за намалување на расходите до истекување на рокот до крајот од месецот. Сепак, сметаме дека рокот ќе биде продолжен“, велат експертите на Fitch.
Притоа тие укажуваат на недозволивоста од барањата новата влада да ги ревидира постојните договори со Европската централна банка, Еврогрупата и ММФ. „Изборите на 6-ти мај и продолжувањето на можноста за повторни избори во јуни, ги зајакнуваат ризиците и го ставаат под прашање исполнувањето за спроведувањето на економските мерки и натамошната финансиска помош за Грција“, се вели во соопштението на агенцијата.
Пртеходно мандатот за состав на влада во законскиот рок од три дена го доби лидерот на социјалистите од ПАСОК, Евангелос Венизелос, откако лидерот на конзервативната Неа Демократиа, Антонис Самарас, а потоа и лидерот на второпласираната на неделните избори радикално лева групација Сириза, Алексис Ципрас, ги вратија мандатите, поради неуспехот да формираат владин кабинет. Доколку и Венизелос не успее, претседателот Каролос Папуљас ќе се обиде во разговор со челниците на сите партии во парламентот да обезбеди формирање влада на „национално единство“, по што ќе бидат прогласени нови избори коишто би се одржале во јуни./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

