Економија
МЗШВ до ФАО ќе достави предлог проект за изработка на педолошка карта на РМ
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до крајот на јуни до Организацијата за храна и земјодеолство при Обединентите Нации – ФАО ќе го достави предлог проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија.
Ова е заклучокот од денешниот состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Роналд Варгас од ФАО, одговорен за реализација на проектот со чија финансиска поддршка во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет ќе биде изработена педолошката карта на нашата држава.
„Овој проект е од исклучителна важност за нашата држава и затоа Владата на Република Македонија вложи сериозни напори идејата за изработка на педолошка карта да се раелизира. Горд сум што за тоа имаме целосна подршка и од науката“, истакна министерот Димовски на состанокот.
Претставникот на ФАО посочи дека проектот кој го иницира Министерството за земјоделство за изработка на педолошка карта на Македонија е од ислучителна важност бидејќи се однесува на еден од ресурсите како основен извор за обезбедување на храна.
„Барањето кое до ФАО го достави Министреството е потврда дека се грижите за структурата на почвата како основа за проиводство на храна, што е од клучно значење. Радува фактот дека во Македонија сега се реализираат неколку проекти кои се однесуваат на земјиштето. Располагате и со геолошки и топографски информации, информации за вегетацијата и климата и единствено што недостасува се информациите за структурата на почвата. Ова е особено битно за секоја земја заради постоење на претстава за тоа колкави се потенцијалите во земјоделскиот, шумарскиот, сточарскиот и другите сектори“, додаде Варгас.
Со проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија, како што истакна тој, во соработка со професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Шумарскиот факултет ќе се изготват информации согласно стандардите на Европското биро за педолошка мрежа. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

