Економија
Груевски: Можни се нови мерки за поттик на економијата
Македонскиот премиер Никола Груевски, по најновиот пад на индустриското производство, најави дека влада ќе продолжиме со мерки и активности со цел да го ублажи влијанието од кризата во еврозоната.
Груевски изрази загриженост од падот на индустриското производство во Македонија, но рече дека таквиот податок не го изненадил со оглед на состојбите во Европа.„Се разбира дека сум загрижен, но не сум изненаден со оглед на тоа што во Европа постои должничка економска криза која предизвика рецесија и секаде во Европа има пад на индустриското производство“, рече Груевски.Тој оцени дека штетите по македонската економија се помали, бидејќи најголемиот дел од членките на Европската унија биле принудени да ги зголемат даноците. „Сите ги зголемија даноците, некој од нив ги намалија пензиите, платите, избркаа многу луѓе од јавната администрација, ги намалија субвенции за земјоделие, кај некој од нив пропаднаа банки. Ние имаме само еден помал дел од можните штети што можат да се направат, а тоа е намалување на индустриското производство“, рече Груевски.Напоменувајќи дека Македонија е тесно поврзана со ЕУ и неможе да биде изолирана од тамошните збиднувања, Груевски истакна дека владата прави се што е во нејзина моќ за да го ублажи влијанието.„Ќе продолжиме со мерки и активности како што се преземање на нови кредитни линии од ЕБРД. Еве наскоро очекуваме да приврши новата кредитна линија вредна 100 млн. евра. Претходната даде многу помош за македонските компании. Едно време практично банките само таа кредитна линија ја даваа, бидејќи фирмите ја бараа, поради најниските камати. Таа ја обезбеди владата, а сега обездедуваме нова. И не само тоа, правиме многу чекори да ја ублажиме состојбата, додека оваа криза не помине. Јас се надевам дека ќе има нови чекори.“ рече Груевски.Според него, ребалансот е наверемен потег и одговор на продлабочената рецесија во ЕУ и должничка криза која се рефлектира и на другите држави.Груевски рече оти не е изненаден од критиките на опозицијата дека владата не изградила ништо, велејќи дека СДСМ има тенденција на бришење на сопствената историја, како и дека изграденото и реконструираното од страна на владата можело насекаде да се види.Истовремено, лидерот на опозиционата СДСМ, Бранко Црвенковски оцени дека падот на индустриското производство е најдобар показател за состојбите во економијата.„Падот на индустриското производство кој што можеме дури да го окарактеризираме како слободен пад, на најдобар начин говори за нашето стопанство. Фактите се немилосрдни. Значи индустриското производство паѓа, БДП паѓа, сите проекции на Владата се погрешни, рекордна е невработеноста, рекордна е сиромаштијата, огромен е долгот на Владата кон стопанските субјекти, а се удвои долгот кон странство“, рече Црвенковски.Според него, дел од стопанствениците се жалеле и говорее дека им е невозможно тешко како никогаш досега , меѓутоа стравувале тоа јавно и гласно да го проговора. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

