Економија
ЕЦБ: Ниедна земја кандидат за еврозоната не ги исполнува критериумите
Ниедна од вкупно осумте земјите кандидати за воведување на еврото, во моментов не ги задоволува сите потребни критериуми за членство, објави Европската централна банка ECB, пренесува AFP.
Најмалку еднаш во две години Европската централна банка објавува извештај за приспособување на земјите од европската унија кои сé уште не го вовеле еврото кон критериумите за членство во зоната на единствената европска валута, или како што уште се нарекува европската монетарна унија.
Десет од 27-те земји членки на Европската унија сé уште не се членки на еврозоната, при што две од нив, Велика Британија и Данска, се изборија за клаузула за нивно изземање којашто ги ослободува од обврските за пристапување кон зоната во којашто се користи единствената европска валута – еврото.
Од другите осум земји, станува збор за Бугарија, Чешка, Унгарија, Латвија (Летонија), Литванија, Полска, Романија и Шведска, ниедна во моментов не ги исполнува критериумите за членство во еврозоната, се истакнува во најновиот извештај на ECB.
Централната монетарна институција на еврозоната ги оценува потенцијалните членки според критериумите на инфлацијата, јавните финансии, курсот, долгорочните каматни стапки и прилагоденоста на прописите.
Ниту во една од осумте оценувани земји, правната рамка не е во целост прилагодена со сите барања, истакнуваат од ECB.
„И натаму не се прилагодени сите прописи коишто ја регулираат независноста на централните банки“, конкретизираат од Банката.
Унгарија, особено, неодамна се најде под жестоки критики поради промената на законот за централната банка којашто беше протолкувана како ограничување на независноста на монетарниот регулатор.
Вториот предуслов е земјите своите валути да ги врзат за еврото во период од најмалку две години, што во моментов го прават само Латвија и Литванија.
Минатата седмица латвискиот премиер Валдис Домбровскис изјави дека неговата земја има намера да и’ се придружи на еврозоната во 2011 година, и покрај длабоката должничка криза во зоната.
Литванија, пак, не го објави датумот на планираниот влез во еврозоната.
Полскиот премиер Доналд Туск, исто така, изјави дека неговата земја е подготвена да влезе во еврозоната, и покрај нарушениот углед во регионот на единствената европска валута поради должничката криза. /крја/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

