Економија
Семинар „Даноците и граѓанските организации – ефекти и како до подобри решенија“
Тимот на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации -ТАКСО, организира семинар „Даноците и граѓанските организации – ефекти и како до подобрени решенија“ кој ќе се одржи во среда од 10 до 15.30 часот во Едукативниот центар М6 (Скопска пивара).
Учесници на семинарот ќе бидат финансиски менаџери, сметководители во граѓански организации и претставници од граѓански организации одговорни за финансиското работење, претставници од релевантни институции, експерти и добри познавачи на проблематиката.
Целта на семинарот е да се дискутира даночната рамка која се однесува на граѓанските организации, нејзината примена во пракса и проблемите кои произлегуваат при тоа, како и можностите за нивно решавање и подобрување. На семинарот ќе се обработат повеќе даноци/закони вклучувајќи данок на добивка, персонален данок на доход, данок на додадена вредност и законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Покрај презентации на овие теми семинарот ќе овозможи прашања и дискусија во врска со истите од страна на учесниците.
Кога е во прашање даночната рамка, граѓанските организации, дури и оние кои работат на теми кои се од јавен интерес, сметаат дека се третирани исто како комерцијалните бизниси. Законот за здруженија и фондации од 2010 година предвидува даночни олеснувања, кои се повисоки за организациите со статус од јавен интерес, но истите не се дефинирани со овој Закон. Следствено потребно е усогласување на даночните закони за овие олеснувања да им бидат достапни на граѓанските организации.
Експертот за даночни прашања Славко Лазовски смета дека граѓанските организации како непрофитни, по својата суштина на постоење и цел на дејствување не се оние од кои треба да се побаруваат даноци. Според него и тврдокорните даночници треба да се повлечат пред одредени видови приходи кои ги остваруваат организациите како што се: членарината, донациите, средствата за бесплатна помош во кризни ситуации итн. Според него решенијата треба да се одвиваат по две линии: според тип на организации кои имаат право на ослободување или олеснување на одреден вид на данок и според вид на приход, односно кој вид на извор на приход ќе биде даночно ослободен. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

