Економија
МЗШВ: Вложувањата во земјоделството не ги гледа само тој што не ги разбира
Зацртаните политики на континуирана и зголемувачка поддршка на земјоделството и руралниот развој на Владата ги даваат своите резултати, а нив може да не ги види само тој што не го разбира секторот или работите сака да ги прикаже поинаку.
Вака гласи заклучокот од писмената реакција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на изјавата на Зоран Шапуриќ од Либерално-демократската партија (ЛДП)
„И покрај огромните стимулации во земјоделството, и постојано зголемување на стимулациите од буџетот, земјоделското производство бележи сè полоши резултати“, изјави во вторникот на прес-конференција Зоран Шапуриќ.
Според министерството за земјоделство, зголемените износи на средства се насочени кон поттикнување на нови инвестиции во земјоделскиот сектор, но и кон покривање на дел од зголемените трошоци на производството како резултат на повисоката цена на нафтата и другите инпути на светските пазари.
„Со ваквата засилена поддршка, се успеа да се запре континуираниот тренд на пад на земјоделското производство во последните 15 години кој беше резултат на отсуство на било какви политики на поддршка на земјоделството во услови кога сите други земји засилено инвестираат големи средства во овој сектор, кога се упропастија големите витални земјоделски комплекси како носители на развојот, и кога паралелно се либерализираше домашното неопреструктуирано и ослабено производство“, потенцираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Поставување на земјоделството како приоритет на владините политики во последниве пет години кај добар дел од подсекторите, особено оние со конкурентна предност, тутунот, виното, овошјето и зеленчукот, овчарството, козарството и друго, обезбедило и зголемување на обемот на производството во однос на изминатиот период на постојан пад, се потцртува во соопштението на МЗШВ.
Додаваат дека зголемениот износ на обемот на производство се рефлектира и врз постојаниот пораст на извозот на земјоделските и прехрамбени производи последните неколку години, а особено изминатата година кога достигнал „историски највисоки 468 милиони евра или двојно повеќе од периодот од пред пет години“.
Одговарајќи на бројките што ги изнесе Шапуриќ, од министерството наведуваат дека земјоделството како економска гранка, со поддршката обезбедена од Владата и во услови на криза обезбедува континуиран раст на своето производство кој во првиот квартал од годинава изнесувал 2,3 отсто а за следниот квартал се очекува раст од 2,5 проценти.
Од МЗШВ најавуваат дека и во следниот период со покривањето на 50 отсто на трошоците на инвестициите и обезбедувањето поволни кредити за земјоделците со ниво на каматна стапка од 3 отсто, Владата ќе продолжи да ги поддржува сите учесници во земјоделскиот сектор. Потсетуваат дека во таа насока покрај субвенционирањето, преземени се и мерките за ослободување од персонален данок или само 2 отсто данок за приходи од 1,3 милиони денари, најмали месечни уплати за пензиско и здравствено осигурување за земјоделците итн./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
P2P.mk на e-Commerce конференцијата: Нови пари, нова филозофија
Да се биде дел од е-Commerce конференцијата, значи да се биде таму каде што се дефинира иднината на дигиталната економија.
Над 800 учесници, десетици стартапи, инвеститори и визионери и една заедничка мисла: дека финтекот не е само технологија, туку култура на доверба.
Во рамките на програмскиот блок „How to Get Funded – the Smart Way“, публиката имаше прилика да го слушне Гого Рафајловски и Теодор Тодоровски од кои на многу различен, но комплементарен начин ја раскажаа приказната за паметните инвестиции и фер системите.

Гого Рафајловски, претставник на Zephyr Angels, ја отвори сесијата со јасна порака:
„Кешот е кислород, не насока.“
Со таа реченица го постави темелот на дискусијата, дека капиталот сам по себе не е решение ако нема стратегија, фокус и интегритет.
„Smart money е секогаш подобро од easy money. Тракцијата вреди повеќе од трансакцијата. Финансирањето не е крајна цел, тоа е стартна линија.“
Веднаш потоа, Теодор Тодоровски, извршен директор на P2P.mk, донесе поинаков агол, оној на човекот кој ја гради платформата што ја редефинира довербата во финансискиот свет.

„Понекогаш најголемата иновација не е нова технологија, туку нов начин на однос. Во финансискиот свет, каде што сите зборуваат за проценти, ние решивме да зборуваме за принципи. Затоа што само кога системот е фер, бројките навистина имаат смисла.“
Со оваа порака, P2P.mk уште еднаш го потврди својот идентитет, платформа што не ветува чуда, туку создава фер услови: транспарентност, флексибилност и доверба што се заработува, не се купува.
По презентацијата, во рамки на P2P Networking Cocktail, се сретнаа стартапи, инвеститори и претставници на водечки компании од целиот регион.

Да се биде на е-Commerce Conference за P2P.mk значи дека новата генерација на финтек решенија од Македонија може да биде рамноправен играч на европската сцена.
И дека вистинската вредност не лежи во бројките, туку во принципите што ги прават тие бројки вистински.
ПР
Економија
Дурмиши: Нови дигитални алатки и посилна инспекција за заштита на работниците
Почнувањето на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ претставува значаен чекор во унапредувањето на националната политика за безбедност и здравје при работа, истакна денес министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во своето обраќање на официјална промоција на проектот.
„Заштитата на здравјето и животот на работниците е темелна вредност и законска обврска, но пред сè морална должност на сите. Со овој проект почнуваме нова фаза, во која ќе создадеме модерен систем, со јасна стратегија, дигитални алатки и посилна инспекција. До 2028 година нашата цел е земјата да има нова, современа рамка за безбедност и здравје при работа, усогласена со највисоките стандарди на МОТ и ЕУ. Превенцијата е најдобрата инвестиција – во луѓето, во компаниите и во иднината на економијата“, порача Дурмиши.
Проектот е насочен кон намалување на бројот на повреди и професионални заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област.
„Светот на работните односи се менува – брзата дигитализација, новите форми на вработување и економските предизвици бараат систем што предвидува, спречува и штити. Владата на Република Северна Македонија ги постави безбедноста и здравјето при работа како еден од приоритетите на трудовите политики. Законот сами по себе не е доволен – потребни се функционални институции, инспекции и континуирани обуки“, додаде министерот.
Проектот, чија реализација ќе трае до октомври 2028 година, се спроведува со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и финансиска помош од Европската Унија. Министерот Дурмиши истакна дека со заедничка работа на Владата, работодавците, синдикатите и експертите, Северна Македонија ќе создаде посигурни и поздрави работни средини, каде што безбедноста ќе биде темел на економскиот развој.
Економија
Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

