Економија
Груевски: Земјоделците за една недела добија 30 милиони евра субвенции
Македонскиот премиер Никола Груевски во петокот информираше дека во претходните неколку денови на земјоделците им биле исплатени околу 30 милиони евра за субвенции и најави продолжување на исплатата.
„Денеска се исплаќаат нови 10,2 милиони евра средства за земјоделците, од кои шест милиони за сточарите и 4,2 за тутунарите. Заедно со вчерашните 13,5 милиони евра, се околу 23 милиони евра за два дена, а заедно со средствата од пред пет-шест дена, се исплаќаат вкупно околу 30 милиони евра за земјоделието“, изјави Груевски.Тој нагласи дека владата ќе остане доследна во своите ветувања и на земјоделците навремено ќе им ги исплати сите предвидени средства за субвенциите, за кои рече дека се најголемите во историјата на Македонија. „Тоа што го имаме ветено го исполнуваме, како и во секоја претходна година, остануваме доследни на нашите ветувања да ги исплатиме субвенциите високи како никогаш во историјата на Македонија“ рече Груевски. Премиерот најави дека исплатата ќе продолжи и наредната недела и ќе се заокружи се што било зацртано во поглед на субвенциите.Груевски најави и дека новите 100 милиони евра ефтини кредити на компаниите ќе им бидат ставени на користење на крајот на јули, по субвенционирана камата од 5,5 отсто.„Тоа е една од најниските камати кои што можат да се најдат во Европа. Каматата е субвенционирана од страна на државата затоа што сметаме дека во време на европска должничка криза и тешка рецесија во Европа цениме дека треба да им се помага на македонските компании и затоа одвојуваме средства од Буџетот и ја субвенционираме каматата, рече Груевски.Според него, искуството од претходните години покажува дека наведените средства ќе бидат главен извор на финансирање за компаниите. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ристески: Потребата од зелената трансформација е неопходна
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, се обрати на стручна конференција на тема „Создавање на зелени работни места во Македонија – Можности за вработување во контекст на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во рурални средини“, која е во организација на амбасадата на Австрија и австриското федерално министерство на за труд, социјални работи, здравствена заштита и заштита на потрошувачите.
На конференцијата ќе се обратат голем број на претставници на министерствата и државни тела и институции од областа на трудот од двете држави, каде ќе се разменат искуства и позитивни примери за мерките и активностите од областа на зелената економија, транзиција и креирањето на нови зелени работни места, управување со отпад, одржлив туризам и зелена грижа во руралните региони.
„Потребата од зелената трансформација денес е неопходна, климатските промени веќе влијаат врз нашата економија, енергетика и секојдневие. Затоа, да ја прифатиме не само како обврска, туку и како можност за економски развој, нови инвестиции и нови вработувања. Како Министерство за економија и труд силно сме посветени на процесот на зелената транзиција поточно транзиција во зелена економија, која е систем чии приоритети се еколошка одржливост, социјална правда и економски раст, која подразбира раст кој ќе ги задоволи потребите на сегашните без да се загрозат идните генерации“, рече Ристески.
Ристески во своето обраќање се осврна на активностите на Владата и министерството за економија и труд преку кои се промовира и поддржува процесот на зелената транзиција на домашните компании и креирањето на зелени работни места.
„Во рамки на Оперативниот план за вработување, преку мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ обезбедуваме поддршка на домашните компании кои инвестираат во зелени технологии и практики со цел отворање нови работни места. Со ова го поттикнуваме создавањето на нови вработувања во приватниот сектор преку воведување на зелени производи, услуги, технологии или процеси во претпријатијата, а во четирите години од кога заедно со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја спроведуваме, резултира со околу 400 нови зелени работни места во 228 компании“, додаде Ристески.
Овој настан има за цел да ја промовира институционална размена и споделување на добри практики од Австрија во областите на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во руралните региони.
Економија
Гувернерот Славески на конференција во Тирана: Водиме претпазлива монетарна политика и подготвени сме да им одговориме на сите потенцијални ризици
„Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност.“ Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Банката на Албанија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, по повод 100-годишнината од нејзиното основање. На конференцијата присуствуваше и вицегувернерот Фадил Бајрами.
На панел-дискусијата на којашто учествуваа и гувернерите на Ерменија, Малта, Литванија и Португалија, а којашто ја водеше првата заменик-гувернерка на Банката на Албанија, Лулјета Минџози, гувернерот Славески посочи дека внимателно осмислената монетарна политика и мерките преземени на девизниот пазар придонесоа за зацврстување на инфлациските очекувања и за постепено намалување на инфлацијата.
„Инфлацијата значително се намали во однос на нејзиниот максимум од крајот на 2022 година и повторно се сведе на едноцифрено ниво. Врз основа на преземените мерки, како и претпоставките за надворешниот и домашниот контекст, очекуваме нејзино натамошно забавување и враќање на нивото на историскиот просек во периодот што следува“, истакна Славески, додавајќи дека Народната банка и натаму е внимателна и ја води својата политика врз основа на темелни анализи и податоци, при што секоја одлука ќе се носи со разгледување на сите достапни информации и на потенцијалните ризици.

Гувернерот исто така посочи и на низата макропрудентни мерки што Народната банка ги презеде во изминатиов период како втора „линија на одбрана“, со коишто се поддржа поставеноста на монетарната политика и дополнително се зајакна финансиската отпорност и стабилноста на системот. Притоа, сите активности беа придружени со засилена и проактивна комуникација со јавноста, којашто одигра важна улога во стабилизирањето на пазарните очекувања и зачувувањето на довербата и кредибилитетот на Народната банка.
На конференцијата на која учествуваа гувернери на централни банки, како и претставници на меѓународни институции и академската заедница, се зборуваше за начинот на кој централните банки можат да го задржат кредибилитетот, да ги зацврстат очекувањата и да постигнат ценовна стабилност во услови на непредвидливо ценовно окружување, зголемена геополитичка неизвесност и постојани светски шокови.
Економија
P2P.mk на e-Commerce конференцијата: Нови пари, нова филозофија
Да се биде дел од е-Commerce конференцијата, значи да се биде таму каде што се дефинира иднината на дигиталната економија.
Над 800 учесници, десетици стартапи, инвеститори и визионери и една заедничка мисла: дека финтекот не е само технологија, туку култура на доверба.
Во рамките на програмскиот блок „How to Get Funded – the Smart Way“, публиката имаше прилика да го слушне Гого Рафајловски и Теодор Тодоровски од кои на многу различен, но комплементарен начин ја раскажаа приказната за паметните инвестиции и фер системите.

Гого Рафајловски, претставник на Zephyr Angels, ја отвори сесијата со јасна порака:
„Кешот е кислород, не насока.“
Со таа реченица го постави темелот на дискусијата, дека капиталот сам по себе не е решение ако нема стратегија, фокус и интегритет.
„Smart money е секогаш подобро од easy money. Тракцијата вреди повеќе од трансакцијата. Финансирањето не е крајна цел, тоа е стартна линија.“
Веднаш потоа, Теодор Тодоровски, извршен директор на P2P.mk, донесе поинаков агол, оној на човекот кој ја гради платформата што ја редефинира довербата во финансискиот свет.

„Понекогаш најголемата иновација не е нова технологија, туку нов начин на однос. Во финансискиот свет, каде што сите зборуваат за проценти, ние решивме да зборуваме за принципи. Затоа што само кога системот е фер, бројките навистина имаат смисла.“
Со оваа порака, P2P.mk уште еднаш го потврди својот идентитет, платформа што не ветува чуда, туку создава фер услови: транспарентност, флексибилност и доверба што се заработува, не се купува.
По презентацијата, во рамки на P2P Networking Cocktail, се сретнаа стартапи, инвеститори и претставници на водечки компании од целиот регион.

Да се биде на е-Commerce Conference за P2P.mk значи дека новата генерација на финтек решенија од Македонија може да биде рамноправен играч на европската сцена.
И дека вистинската вредност не лежи во бројките, туку во принципите што ги прават тие бројки вистински.
ПР

