Контакт

Економија

Финска би можела да излезе од еврозоната за да не плаќа туѓи долгови

Објавено пред

Финска повеќе би сакала да ја разгледа можноста од напуштање на еврозоната отколку да плаќа долгови на други држави членки на монетарниот блок изјави финската министерка за финансии, Јута Урпилаинен.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Финска повеќе би сакала да ја разгледа можноста од напуштање на еврозоната отколку да плаќа долгови на други држави членки на монетарниот блок изјави финската министерка за финансии, Јута Урпилаинен.„Финска е посветена на членството во еврозоната и сметаме дека еврото е корисно за нас, но Финска нема по секоја цена да го држи еврото и подготвена е на секое можно сценарио“, рече Урпилаинен во интервју за финансискиот весник „Каупалети“.Таа нагласи дека Финска е една од ретките преостанати држави во ЕУ со врвен кредитен рејтинзи и дека не би прифатила модел на интеграција со кои државите колективно би одговарале за долговите и ризиците на другите членки.„Заедничка одговорност за долговите, економијата и ризици на другите држави не е нешто на што треба да бидеме подготвени“, нагласи Урпалаинен.Таа наведе дека финска има цврст став во поглед на прашањето на спасувањето на презадолжените држави на еврозоната.„Ние сме конструктивни и сакаме да ја решиме кризата, но не по секоја цена“, рече финската министерка за финансии. /крај/х/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

УЈП: Издавање кодови за идентификација за поднесување на МПИН

Објавено пред

„Со наближување на рокот за поднесување на МПИН пресметките, Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките кои се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за обнова на истите преку системот е-Даночни услуги“, велат од УЈП.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

За повеќе информации во врска со постапката на поднесување на барањата и превземање на кодовите преземете го Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата, кое е објавено на веб страницата на УЈП.

Дополнително, УЈП напоменува дека обврзниците кои имаат помал број на вработени (до 5 вработени), може МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година немаат потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати.

Прикажи повеќе...

Економија

Нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Од 18.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,345 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,916 ден/кг и сега ќе изнесува 41,345 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,592%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,513%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,550% и кај мазутот зголемувањето е за 0,172%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 2,5506%.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Се работи на проекти во образованието вредни две милијарди денари

Објавено пред

Во моментот имаме инвестициска активност од околу две милијарди денари за проекти во образованието, повеќе од 30 капитални инвестиции, седум комплетно нови училишни згради, дваесетина се реновираат, спортски сали во Струга и во Битола, отпочнуваме со спортските сали – Кисела Вода и Аеродром, во план е продолжување на проектот за реконструкција на универзитетите, односно зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, отпочнуваме со кампусот „Мајка Тереза“, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Истовремено, ќе продолжи и инспекцискиот надзор на оние високообразовни институции, но и оние други образовни институции, што не ги исполнуваат стандардите. Ќе бидат опоменати. Доколку не преземат ништо во насока на исполнување на стандардите, ќе мора да бидат затворени“, рече премиерот.

Тој кажа дека децата треба да добијат европско знаење, а „тоа може да го даваат институции што ги почитуваат законите и што нудат таков тип на пренос на знаење“.

„Реформата во образованието е навистина опсежна. Оваа година, нешто што не е за фалење, учениците ги добија книгите на 1 септември. Исто ќе биде и во следната година. Ние пред 10 – 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска сме среќни ако секое дете има учебник. Но, за жал, имавме цунами седум години што и тоа не можеше да го направи онаа влада на СДСМ и ДУИ, па оваа влада мора буквално сите тие елементарни работи да ги прави“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија4 часа

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија5 часа

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија6 часа

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија7 часа

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ7 часа

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија8 часа

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет9 часа

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...

Свет10 часа

(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од...

Македонија12 часа

За трагедијата во Кочани со 59 жртви осомничени се 34 лица

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител...

Топ21 час

Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30...

Македонија22 часа

(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ...

Македонија1 ден

Тошковски: Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава за медиумите повика на целосна мобилизација на сите институции и потенцира...

Македонија1 ден

За да добива лиценци, сопственикот на „Пулс“ со години користел незаконски проект, а подмитил и службеник, според истрагата

Верижните пропусти и незаконитите дејства на одговорните и на службените лица довеле до смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани....

Македонија1 ден

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи,...

Македонија1 ден

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега во „Систина“, велат од болницата

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во...

Македонија1 ден

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и...

Македонија1 ден

Дискотеката имала устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде...

Македонија1 ден

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија1 ден

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...