Економија
Хрватска ги поскапува дериватите од 13 до 30 липи за литар
Нафтените денари од вторник на полноќ повторно поскапуваат во Хрватска, па најголемите цени на моторните бензини ќе обидат поскапи од 22 до 30 липи, а евродизелот ќе поскапи за 13 липи, јавува агeнцијата Hina, повикувајќи се на соопштение на хрватското министерство за економија.
Синиот дизел и маслата за ложење ќе поскапат, пак, ќе поскапат за 18 до 22 липи за литар, односно новите поскапувања на нафтените деривати во Хрватска ќе поскапат во просек од два до речиси четири македонски денари.
Како што забележува агенцијата, ова се највисоките нивоа на малопродажните цени кои ќе важат во периодот од 4-ти до 17-ти септември.
Во овој период, според тамошното министерство за економија, највисока ќе биде цената на евросуперот БС 95 кој може да изнесува 11,23 куни за литар, што е за 22 липи повеќе од досегашната максимална цена од 11,01 хрватски куни, при што едно евро е 7,4726 куни, според курсот од 3-ти септември.
За 26 липи поскапува еуросуперот 98, а еуросупер 100 ќе биде поскап во Хрватска за 30 липи. Највисоката цена на еуросуперот 98 во идните две седмици може да изнесува 11,61 куни, досега изнесуваше 11,35 куни, а највисоката цена на еуросуперот 100 , како што ја одредува хрватското министерство за економија, ќе биде 11,86 куни (1,6 евра), наспроти досегашната од 11,56 куни.
Од полноќ оние што ќе патуваат на одмор или деловно во Хрватска треба да сметаат и на повисоките цени на дизел горивата. Така евродизелот ќе се продава на хрватските пумпи за највисока цена од 10,38 куни (малку над 1,4 евра ), што е за 13 липи повеќе од десегашните 10,25 куни.
Гасните масла во Хрватска поскапуваат за 21, односно за 22 липи за литар, па највисоката цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 7,35 куни, наспроти досегашната цена од 7,14 куни, додека евро гасното масло ќе има цена од 7,59 куни, наспроти досегашната цена од 7,37 куни.Синиот дизел ќе изнесува 6,45 куни, а досега изнесуваше 6,27 куни.
Цените на нафтените деривати во хрватска почнаа да растат од 10-ти јули, а на дизелските горива 24-ти јули, па во двонеделниот ритам најновото поскапување е петто по ред за нафтените деривати, а на дизелските горива е четврто по ред.
Во Хрватска според правилникот за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, тие може да се менуваат на секои две седмици. Во Хрватска, корекцијата на нафтените деривати се одредува според движењето на медитеранскиот пазар и курсот на американскиот долар, а максималното зголемување или намалување може да изнесува три отсто.
Тамошното министерство за економија секој втор понеделник ги пресметува и објавува највисоките малопродажни цени на нафтените деривати кој важат следните14 денови. Во овој период нафтените компании може да ги менуваат цените, но тие не смеат да бидат поголеми од максималните што ги објавува хрватското министерство за економија./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

