Економија
Бројот невработени во Франција надмина три милиона
Бројот невработени лица во Франција во август надминал три милиона, првпат од 1999 година, покажаа податоците што во четвртокот ги објави тамошното министерство за труд.
Вкупниот број невработени пораснал минатиот месец за 23.900 на 3,011 милини луѓе, што претставува 8 отсто повеќе отколку во август минатата 2011 година. Така, невработеноста во Франција бележи пораст веќе 16-ти месец по ред.
Зборувајќи пред објавувањето на официјалните податоци, францускиот министер за труд, Мишел Сапинов изјави „Лошо е. Јасно е дека е лошо“.
Владата во Париз го припишува ваквиот резултат како последица од работењето на владата на претходниот претседател Николас Саркози.
„Овие три милиона невработени го олицетворуваат неуспехот на мерките на економските и социјалните политики коишто се преземаа минатите неколку години. Имајќи го предвид овој лош извештај, владата е истрајна во намерите што побрзо да ги реализира можните реформи“, се наведува во соопштението на француското министерство за труд, пренесува AFP.
Овој извештај, бездруго, ќе го зголеми притисокот врз претседателот Франсоа Оланд кој дојде на власт благодарејќи на ветувањето дека ќе ја заживее економијата, но бележи остар пад на популарноста откако победи на претседателските избори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вашата идеална инвестиција: остануваат уште пет дена за искористување на ексклузивната зимска понуда за станови во Grand View
Остануваат уште пет дена за искористување на ексклузивната зимска понуда на станови во „Grand View“, дел од Новото обележје на градот „Гранд Скопје“. Празничната можност за нов дом во центарот на Скопје со поволни кредитни услови се приближува кон крајот. Донесете ја најважната одлука за вашата иднина до 15 јануари и осигурете го вашето место во „Grand View“ каде што удобноста, стилот и современите стандарди за градба се спојуваат за да создадат дом кој ги надминува сите очекувања.
Со специјалните празнични цени и поволни финансиски решенија, „Grand View“ ви овозможува да живеете на најпрестижната резиденцијална адреса во Скопје. Стекнете се со уникатната привилегија за живот покрај река, со панорамски погледи и други бројни поволности што ги нуди мултифункционалниот комплекс „Гранд Скопје“ чиј модерен дизајн одговара на секојдневните потреби на современиот живот.
Зимската понудата вклучува атрактивни двособни станови по цена од 170.000 € (со вклучен ДДВ). Со специјалната празнична цена од само 2.690 € по метар квадратен, создадете го вашиот нов дом на оваа првокласна локација во центарот на градот.
Трособните станови во „Grand View“, пак, се достапни по промотивна цена од 222.000 € (со вклучен ДДВ) и со опција за плаќање на 6 рати без камата во процес на градба.
„Живеењето во ‘Grand View’ нуди беспрекорна поврзаност со сите потреби на современото живеење што ги нуди самата локација на комплексот, панорамски погледи, живот покрај река, непосреден пристап до зелениот урбан парк инкорпориран во комплексот, како и други разновидни содржини“, велат од „Гранд Скопје“.
Од таму додаваат дека сите станови во „Grand View“ се дизајнирани со посебно внимание. Изобилуваат со просторност, удобност и модерен распоред кој овозможува природно осветлување. Целиот објект се гради според највисоките стандарди за енергетска ефикасност кои придонесуваат за заштита на животната средина, намалени трошоци и одржлив начин на живот.
Специјални кредитни понуди за дом од соништата
Донесете ја најдобрата одлука за вашата иднина и искористете ги празничните поволности за живот во престижен дом.
За сите потенцијални станари на „Grand View“, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка и Тутунска банка креираа специјални кредитни понуди со цел да овозможат лесна и брза постапка за аплицирање, индивидуален пристап за секој купувач и прилагодување на условите според потребите на апликантите.
Искористете ја можноста да станете дел од „Гранд Скопје“ – место каде што функционалноста и урбаниот начин на живеење прават идеален спој. Посетете го салонот на „Гранд Скопје“ во ГТЦ, на првиот кат до киното „Милениум“, или контактирајте го тимот за продажба на телефонските броеви 070 355 351 и 070 233 055, или на e-mail: [email protected] за подетални информации.
ПР
Економија
Како да ја зголемите енергетската ефикасност: обнова на фасадата, топлинска пумпа или замена на столаријата?
Поголем дел од домашниот буџет, последниве години, оди на тековни трошоци за домот, а најмногу на потрошувачка на енергенси (струја, нафта…). Поради тоа се почесто се прашувате – како да ја намалам потрошувачката на енергија и да добијам помали месечни сметки? Одговорот е со зголемување на енергетската ефикасност, но се поставува ново прашање – како да се зголеми? Во кој систем вреди да се инвестира? Нормално, вие најдобро го познавате вашиот дом и кога што е градено или како, со кој материјали, но ние ги прашавме искусните експерти од платформата Daibau што во пракса се покажало како најдобро и најпопуларно.
Енергетската ефикасност се повеќе се споменува во денешно време. Таа подразбира оптимални услови за живот, но со помала потрошувачка на енергија. Енергетски ефикасен дом ќе има помала потрошувачка на енергија што ќе се одрази на месечните сметки кои драстично ќе се намалат. Тука е и еколошка страна – помала емисија на CO2.
Постојат неколку начини да го направите вашиот дом енергетски ефикасен. Најпопуларни од нив се подобрувањето на топлинската изолација, поставувањето топлинска пумпа, како и замена на старата, дотраена столарија која создава топлински мостови. Државата често доделува субвенции за енергетска ефикасност, а овие средства се издвојуваат токму за наведените опции.
Меѓутоа, кое од следниве опции водат до најбрз поврат на инвестицијата? Кои се долгорочните заштеди и најмногу заштедата на енергија? Одговор на овие прашања добивме од градежната платформа Daibau која веќе десетина години успешно ги поврзува изведувачите со луѓе на кои им се потребни. Daibau.mk е присутна на македонскиот пазар повеќе од 2 години, на неа се регистрирани дури над 1850 компании, од кои околу 260 фирми кои се занимаваат со фасади; 123 компании кои нудат топлински пумпи и над 400 компании кои продаваат и монтираат столарија – дрвени, ПВЦ, алуминиумски, дрво-алу прозорци и врати.
Од платформата Daibau наведуваат какви предности нуди секоја од споменатите инвестиции:
Обнова на фасади (фасадна изолација)
Фасадните ѕидови се елементи на куќата преку кои се губи голема количина на енергија.
Дали знаевте дека со соодветна дебелина на изолацијата може да заштеди до 60% од енергијата за греење? Изолацијата на фасадниот систем не само што носи придобивки во зима, туку ја намалува потребата за климатизација во лето, овозможува одржување на удобна собна температура, спречува кондензација и ширење на мувла. Висококвалитетната изолација го штити објектот од надворешни влијанија како што се замрзнување, прегревање, со што го продолжува неговиот животен век.
Со соодветна топлинска изолација, просториите остануваат топли во зима, додека во лето се спречува прегревање.
Изолација на фасада се врши со стиропор или минерална волна. Иако стиропорот е поевтина опција, а со тоа и попопуларен, камената волна е подобро решение. Камената волна обезбедува подобра звучна изолација, паропропустливост. Тоа е природен материјал од минерално потекло, додека стиропорот се создава како нуспроизвод на преработка на нафта. Поради својата структура, камената волна може да се вградува таму каде што не може стиропорот, односно таму каде што не може да се постават крути плочи од стиропор.
Кога станува збор за изолација на фасада цената ќе варира во зависност од нејзината дебелина. За фасаден систем од стиропор од 12 цм цените варираат околу 25 евра/м2. Цената на стиропор од 15 цм е околу 27 евра/м2. Ако користите подебел стиропор од 20 цм, цената на фасадата е околу 30 евра/м2.
Топлински пумпи
Топлинските пумпи стануваат се попопуларен начин на греење кај нас. Тоа е систем кој користи топлинска енергија од околината, т.е. од природни извори како земја, вода и воздух и ја пренесува во системот за греење. Струја е потребна само да започне да работи компресорот. Дури ¾ (75%) од енергијата се црпи од природни, обновливи извори, додека само 25% се земаат од електрични извори.
Топлинската пумпа е исклучително економичен начин за загревање. За 1 kW вложена електрична енергија се добива дури 4 kW топлинска енергија. Нејзиниот работен век се проценува на повеќе од 25 години со правилна инсталација и одржување. Почетната инвестиција се исплаќа за 5 години, а после тоа носи нето добивка преку намалени месечни сметки.
Цената на топлинската пумпа ќе варира, во зависност од видот: воздух-вода, вода-вода или почва-вода. За топлинската пумпа воздух-вода, со моќност од 8 kW, ќе треба да одвоите од 2.500 евра и повеќе. Цената на топлинските пумпи вода-вода и за подземни води варира помеѓу 5.000 и 10.000 евра.
Системот, покрај греењето, овозможува и ладење и загревање на санитарната вода. Дали знаевте дека топлинската пумпа е најевтиниот начин да се обезбеди топла вода, поставувајќи ги сончевите колектори на друго место?
Топлинските пумпи се карактеризираат и со ниски трошоци за одржување.
За разлика од греењето со цврсти горива, кај топлинската пумпа нема пепел, дополнување на пелети, цепење и складирање на дрва.
Замена на столарија
Преку столарија, во просек се губи околу 40% од енергијата. Кога ќе стане истрошена и нефункционална, време е да ја замените.
Ако често имате кондензација на стаклените површини, мувла на ѕидот и на споевите од ѕидот со прозорецот/вратата, ако продира ладен воздух и прозорците или вратите тешко се отвораат, време е столаријата да се замени. Дотраените прозорци ја расипуваат естетиката на целиот простор.
Во последниве години, популарен избор е ПВЦ столарија, пред се поради добриот сооднос цена-квалитет, едноставното одржување и добрите карактеристики на топлинска изолација. Цената на ПВЦ прозорци со двојно застаклување се движи помеѓу 85 и 160 евра.
Кое решение е најпрофитабилно? Одговорот е јасен – секое од нив ќе придонесе за заштеда на енергија. Исто така, тие зависат едни од други – моќноста на топлинската пумпа ќе зависи од топлинската изолација на објектот, со подебела изолација нема да постигнете целосен ефект доколку прозорите не затвараат добро…
Како што кажавме на почетокот, вие најдобро го познавате вашиот дом, што, кога и како е градено. Имајќи го тоа во предвид, почнете со замена или реновирање на начин на кој ви дозволува вашиот буџет.
(ПР)
Економија
ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“ за ископ на јаглен
АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“ за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“.
Станува збор за привремено ангажирање економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик за истиот предмет на набавка за кој постапката за избор на изведувач е сè уште во тек.
„Изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки испратена до АД ЕСМ на 17 декември 2024 година преку постапка со преговарање во случај на крајна итност во согласност со член 55, став 1 од Законот за јавните набавки. Итноста се должи на потребата од обезбедување доволни количини јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните ‘Битола’ во согласност со планот за производство“, велат од ЕСМ.
За време на постапката, комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ испратила покани до пет компании, кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК ‘Битола’. Најниска цена за услугите понудила фирмата „Топлина“. Според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за речиси 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец РЕК „Битола“ еднострано ја раскина соработката поради непочитување на одредбите од договорот.
АД ЕСМ ги потврдува своите заложби дека секој актуелен или иден економски оператор што ќе биде ангажиран во рудниците на РЕК „Битола“ ќе биде задолжен да работи исклучиво во согласност со постојниот рударски проект.