Економија
Невработеноста во САД на најниско ниво во последните четири години
Американските работодавачи во септември отвориле 114 илјади нови работни места, со што стапката на невработеност се спушти на 7,8 отсто, најниско ниво а речиси четири години.
Според податоците што во петокот ги објави американското министерство за труд, во приватниот сектор биле отворени 104 илјади работни места. Речиси сите новоотворени работни места се во услужниот сектор, при што предничат секторите за здравствена заштита, транспортот и складишни услуги.По неколку месечниот период на затворање на работните места во јавниот сектор, во септември биле вработени 10 илјади лица.Сега без работа се 12,1 милиони Американци, а стапката на невработеност од августовските 8,1 отсто, падна на 7,8 отсто, што е најниско ниво од јануари 2009 година. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет, поголема поддршка од буџетот и дополнителни 15 милијарди денари поволни средства со камата од 1,95%
Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.
„Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари, за разлика од 2022 година била 1,4 милијарда денари, во 2023 година 2 милијарди денари. Во ТИРЗ исто така има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме“, рече министерката.
Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95% за што истакна дека Владата ги има објавено условите за користење на средствата од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализација.
„Нема да дозволам трансфери од буџетот како во минатото и ќе работиме со поинаква постапка. Средствата на општините ќе се префрлат по реализација. Исто така и средствата наменети за компаниите кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки ќе бидат префрлени парцијално. Ако има вистински инвестиции може да зборуваме за префрлање“, посочи министерката.
Таа рече дека и повратот на ДДВ се врши редовно и дека е во износ од над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе министерката и додаде дека се отворени постапки и по однос на други прашања.
Економија
Дурмиши: Турските инвестиции сочинуваат 38 отсто од вкупните странски инвестиции во земјата, работиме на подобрување на деловната клима
Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд, Басар Дурмиши, на бизнис форумот и деловни средби меѓу Македонија и Турција кој што се одржа денеска во хотел „Хилтон“.
На бизнис форумот учествуваше и министерот за трговија на Турција Омер Болат кој е во еднодневна посета на Северна Македонија како и компании од Турција и Северна Македонија.
Министерот Дурмиши истакна дека Северна Македонија и Турција имаат одлична билатерална и трговска соработка која има простор да се зголеми во наредниот период.
„Турските инвестиции се едни од најбројните во земјата и сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјава со околу две милјарди евра. Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис заедницата сакаме да изградиме партнерски односи кои носат резултати.Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите сите компании кои работат во Северна Македонија и домашните и странските инвеститори имаат исти услови и можности за добивање поддршка од државата. Со концептот на воспоставување на Технолошките индустриски развојни зони привлечени се повеќе од 35 мултинационални производствени компании со глобално влијание„ кажа министерот Дурмиши и ги повика турските компании да инвестираат во земјава и да ги прошират своите инвестиции, а Владата ќе обезбеди најповолна бизнис клима за работа.
Економија
(Видео) Битиќи до Кочоска: Криете трошоци за унагарскиот кредит, колку плативте за консултантни услуги
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска , кое се однесува на унгарскиот кредит.
„Од ветената распределба на првата транша од 250 милиони евра, која требаше да започне овој месец, нема ништо. Средствата не се доделени на стопанството, банките сè уште ги немаат критериумите за пласирање, а граѓаните веќе плаќаат камати за неповлечени средства. Почитувана министерке, зошто целата сума беше повлечена одеднаш, ако не постои јасен план и институционална подготвеност за нивна реализација? Јавноста заслужува да знае дали, можеби, поради грешки во договорот за задолжувањето со првите 500 милиони евра моравте да потпише Анекс на договорот затоа што парите, поради пропустот, не можете да ги префрлите кон Развојната банка и општините. Ако ова не е точно, дали тогаш парите ги немате префрлено на Развојната банка поради неликвидност на буџетот, односно ги ускратувате на стопанството за да ги потрошите за тековни буџетски расходи?“, праша Битиќи.
Обвини дека воедно, се кријат информации за трошоците на кредитот. Битиќи додаде дека годинава, 1 милион евра беа пренаменети за „договорни услуги“, но за што точно се трошат овие средства, дали за банкарски провизии или за консултантски услуги, нема одговори.