Економија
Во регионот најевтини становите во Скопје и Сараево
Со просечна цена од илјада евра за метар квадратен, вредноста на становите во регионот на западен Балкан е најевтина во главните градови на Македонија и Босна и Херцеговина, додека најскапи се во престолнините на Хрватска и Србија.
Во истражувањето што го спроведе турската новинска агенција Anadolu во земјите од регионот, забележливо е дека цените на недвижностите во изминатите три години константно бележеле пад, меѓутоа во моментов се стабилизирале и не се очекува дополнителен пад на цените на становите и куќите.
Новинарите на агенцијата добиле податоци дека просечната цена на квадратен метар станбен простор во главниот град на Босна и Херцеговина, изнесува 1.020 евра, односно во зависност од локацијата се движат меѓу 650 и 1.500 евра по квадрат. Истражувањето покажало дека и во македонската престолнина Скопје, цените на становите во просек зе движат околу илјада евра.
Според податоците на заводот за статистика на Црна Гора, цената на квадратен метар во главниот град Подгорица е за околу 100 евра пониска во однос на почетокот на 2012 година, и сега изнесува малку над илјада евра просечно.
Од земјите на регионот на западниот Балкан, убедливо најскапи се становите во Хрватска. Во главниот град Загреб просечната цена на квадратен метар во август 2012 година изнесувала 1.701 евро, што е за 4,2 отсто помалку отколку во истиот месец минатата 2011 година.
Во Србија, пак, и покрај падот на цената на становите во однос на минатата година, и натаму таа е меѓу највисоките во регионот , па така просечна цена на стан во Белград изнесува 1.250 евра, што е за околу 250 евра помалку отколку минатата година. Меѓутоа во белградската општина Стари Град, цената на становите изнесува меѓу 1.400 и 2.500 евра, додека во другите белградски општини може да се најде стан и по цена од 1.000 евра за квадратен метар.
Најновиот извештај на специјализираниот интернет ресурс Global Property Guide, покажува дека поради финансиската криза, цените на недвижностите во европските земји паѓаат со драматично темпо, но дека и натаму се значително поголеми отколку во земјите од западниот Балкан.
Според истражувањето на Global Property Guide, најскапите станови се во Монако, каде што просечната цена на квадратен метар станбен простор изнесува 39.421. По во малото кнежество, најскапи се недвижнините во Велика Британија, каде што цената на квадратен метар во сите поголеми градови изнесува просечно по околу 15.180 евра, додека во Франција просечната цена на квадратен метар стан изнесува 13.380 евра, а во Швајцарија – 11.397 евра.
Според истото истражување, најевтините станови во земјите од Европската унија се во соседна Бугарија каде просечна цена на квадратен метар во Софија достигна дур 1.305 евра., во Унгарија е 1.645 евра, а на Малта 1,847 евра.
Во поголемите градови во Турција квадратен метар станбен простор изнесува 3.380 евра, во Словенија е 2.786 евра, во Германија и Данска по 3.094 евра, во Австрија 5.109 евра, во Шведска 6.991 евра додека во Италија цената на стан во просек е 7.213 евра за квадратен метар./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

