Економија
Секој осми човек на планетава е неисхранет
Секое осмо лице во светот е хронично недоволно исхрането, објави во вторникот агенција на Обединетите нации за храна- FAO, предупредувајќи дека борбата против гладот во светот го загубила залетот од 2007/08 година кога цените на храната почнаа да растат и предизвикаа бунтови во сиромашните земји
Во последниот извештај за безбедноста на храната агенцијата на ОН проценува дека во периодот од 2010 до 2012 година гладувале 868 милиони луѓе, што претставува околу 12,5 отсто од целокупната светска популација, што, пак, од своја страна претставува поголем пад на бројот на гладните отколку во претходните прогнози. Во периодот пред една деценија, од 1990 до 1992 година, имаше околу милијарда гладни во светот или 18,6 отсто од светската популација.
„Тоа е подобро отколку што беше порано, меѓутоа сé уште значи дека секој осми човек е гладен. Тоа е неприфатливо, особено кога живееме во свет на изобилство“, изјави Хозе Грасиано да Силва, директор на Организацијата за храна и земјоделие (FAO) при Обединетите нации.
„Повеќето успеси во борбата против гладот се постигнати до 2006 година, бидејќи цените на храната беа во пад. Со растот на цените на храната и економската криза којашто следеше, има помал напредок во оваа борба“, додаде са Силва.
Во извештајот на FAO се предупредува дека економското заздравување на земјоделскиот сектор, а особено на малите земјоделски стопанства, е клучно за борбата против гладот.
Повеќето недоволно исхранети луѓе во светот живеат во неразвиените земји, во коишто 14,9 отсто од населението не неисхрането.
Во последните дваесетина години проблемите со гладта за 30 отсто се намалиле во Азија, додека Африка е единствениот дел од планетата во кој овој проблем се зголемил и бројот на недоволно исхранети луѓе до 175 милиони во периодот од 1990/1992 година се искачил на 239 милиони во периодот 2010/2012 година/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

