Економија
Владата обезбеди два милиони евра за развој на селата
Инвестиции од околу два милиони евра за два проекта во насока на поддршка на десетици села, и руралниот развој, најави во четвртокот македонската влада.
Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, владата на последната седница одлучила од локалните самоуправи да го преземе финансирањето на проекти во изградба на селски патишта, селски мостови, пристапни патишта до нивите и пристап до земјоделско земјиште, како и за урбанизација на централните делови на селата.Одлуката е донесена, откако општините ја известиле Владата дека заради европската должничка криза и нејзиното влијание врз Македонија имаат притисок и потешкотии да ги исполнат договорите, да ги исплатат средствата, со што се доведени во опасност проектите.„За таа цел се измени програмата за рурален развој и се определија 100 милиони денари кои Владата, наместо на општините ќе ги исплати на изведувачите на проектите. Значи, на општините ќе остане да го исплатат само својот дел од инвестицијата во висина не повеќе од 30% од инвестицијата, а некаде и во помал процент. Тие немаат обврска да го исплатат инвеститорот па да бараат рефундација, затоа што исплатата ќе ја направи Владата, во висина од најмалку 70% а некаде и повеќе“, информираше Ѓорѓиев.Тој додаде дека на овој начин ќе се обезбеди вкупно 40 инвестициони проекти да бидат реализирани без застој.Исто така, во насока на поддршка на инвестициите во селата, регионите и подрачјата со специфични развојни потреби, Владата одлучи да кофинансира проекти за која цел на општините ќе им бидат префрлени дополнителни околу 20 милиони денари.Овие средства ќе бидат наменети за кофинансирање на проекти колектори, резервоари, краци од водоводна и канализациска мрежа, плански проекти итн…распоредени во 30-ина различни општини по доставени проекти од општините, појасни Ѓорѓиев.Двата проекти значат инвестиции од околу два милиони евра во насока на поддршка на десетици села, и руралниот развој, наменети за проекти од непосреден интерес за граѓаните во овие места. Со овие инвестиции се дава и поддршка на градежништвото и вработувањата, истакна владиниот портпарол.Покрај ова, Владата одлучи во следниот период од три месеци да бидат посетени околу 250 села. Селата ќе бидат посетени од страна на 4 стручни тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АПРЗ кои ќе бидат составени од стручни профили од сите области на земјоделството. Во секое од селата стручните тимови ќе имаат советувања со земјоделците при што ќе се разговара за предизвиците и нивното надминување. Еднаш месечно Владата ќе биде информирана за најголемите предизвици, и ќе бидат предлагани мерки за нивно решавање. Посебен акцент ќе биде ставен на едукација на земјоделците за процедурите за легализација на нивната механизација и за легализација на нивните фарми, процедури кои треба да завршат до август следната година. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

