Економија
FAO: Во борбата против гладта неопходно е да им се помогне на малите произведувачи

Малите производители се први жртви на гладта и во борбата против неа неопходно е да им се помогне ним, тврди генералниот директор на агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделие (FAO) да Силава.
Директорот на FAO, Хозе Грасиано да Силва ја даде оваа изјава во вторникот отворајќи го Светскиот ден на храната кој оваа година е посветен на корпоративниот модел во производството на храна.
Генералното собрание на Обединетите нации 2012 година ја прогласи за Година на кооперативата, си убедување дека тој модел „може да помогне малите производители во надвладувањето на тешкотиите“, бидејќи токму тие се меѓу најсиромашните во светот, изјави бразилскиот челник на FAO.
Според статистиката којашто минатата седмица ја објави FAO, во светот има 870 милиони недоволно исхранети лица.
Овој број може да расте во Африка и на Блискиот исток, каде што за две децении се зголемил за 83 милиони, рече да Силва додавајќи дека тоа е недозволиво во светот „богатство и производство доволно за сите“.
Во изминатите триесетина години, националните вложувања во земјоделието се намалени, како и помошта за развој. Милиони мали претпријатија се борат за да се прилагодат на промените на климата, на пазарите и со растот на цените.
„Од кризата со храна во 2007/2008 година, многу земји ветија дека ќе ја искоренат гладта во свето, но во поедини случаи ветувањата останаа мртва буква на хартија. Без дилема, во кооперативите лежи клучот за прехранувањето на светот, но при соработка на владите, цивилното општество и приватниот сектор“, рече да Силва.
Независниот претседател на Советот на FAO, Лук Гуио, предупреди дека вложувањата во земјоделието во светот паѓаат изминатите две децении. Тие вложувања „1980-титте изнесуваа 20 отсто од вкупната помош, а денес само 4 проценти“, рече Гуио./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.