Економија
Воспоставен мост со бизнис дијаспората
Првиот Глобален инвестициски самит што се одржа во Охрид ги надмина очекувањата во поглед на јакнење на врските на бизнис дијаспората со татковината, а донесе и многу позитивна енергија и оптимизам кои треба да резултираат со ефекти за македонската економија.
Ова се дел од заклучоците на членовите на бордот на Македонија 2025, која што деновиве во Охрид организараше огромен инвесициски самит.
Претседателот на Одборот на Директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски не го криеше задоволството од организацијата на самитот, за кој рече дека ги надминал неговите лични очекувања.
„Во организацијата на самитот влеговме со нејасни очекувања, во поглед на успешноста и на бројот на луѓето, но овој самит ги надмина сите очекувања“, изјави Зафировски, додавајќи дека на самитот биле искажани многу позитивни информации од учесниците.
Според него се оствариле и трите клучни цели на самитот, да се вклучи дијаспората поактивно во поттикнување на македонската економија, да се претстави Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции и да им се помогне на македонските претпријатија да станат поконкурентни.
Тој истакна дека од бројни претставници на дијаспората добиле барање овој самит да стане постојан и да се одржува годишно.
Членот на одборот на директори на Македонија 2025, Зоран Мартиновски истакна дека целта на овој самит да се стават на располагање сите потенцијали на дијаспората и домашните бизнисмени за Македонија да се направи поубаво место за живеење.
„Никаде не е поубаво за живеење отколку дома, доколку се разбира има услови“, рече Мартиновски, оценувајќи дека постои енергија да се креира такво нешто ја повика пошироката деловна заедница и сите расположени да застанат зад овој проект.
Потпретседателот на Македонија 2025, Роберт Арсов истакна дека самитот бил добра можност за да се сподели знаењето, а дел од успешните приказни што беа претставени, може да бидат добра инспирација.
„Мојот впечаток е дека првиот самит е навистина успех. Навистина добивме многу понуди, кои сериозно ќе ги разгледаме. Отворени сме за нови членови и за донација од било кого“, рече Арсов.
Тој најави дека и во иднина ќе се организираат исти самити, кои ќе бидат уште подобро организирани.
„Секој од нас треба да направи што е можно повеќе во својот дел, да даде придонес, повеќе труд, со цел со заеднички сили да постигнеме раст на македонската економија“, изјави членот на одборот на Македонија 2025, Живко Мукаетов.
Минчо Јорданов, кој исто така е член на одборот на Македонија 2025, од самитот заклучи дека дијаспроата може многу да помогне за трансфер на технологии и знаења кои се неопходни во Македонија.
Самитот резултираше и со еден конкретен проект, а тоа е формирање на капитален фонд, кој ќе ги подржува македонските претпријатија. Главни инвеститори во фондот се СЕАф инвестициски фонд и Македонија 2025.
Претседателот и соосновач на СЕАФ Инвестициски фонд, Хубертус Јан ван дер Варт, информираше дека новиот фонд ќе тежи 15 милиони долари, од кои 80 отсто се веќе обезбедени, а минимален влог на еден инвеститор изнесува 500.000 долари.
„Фондот ќе подржува македонски претпријатија од земјоделеито, здравството, фармацијата, едукацијата, односно тренинг центри и друго“, рече Ван дер Варт.
Организаторите на самитот најавија дека во наредните денови интензивно ќе ги разгледаат сите предлози кои што биле изнесени на самитот, по што ќе објават одредени детали./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

