Економија
Невработеноста во Шпанија на ново рекордно ниво
Стапката невработеност во Шпанија во третиот квартал од 2012 година достигнала рекордни високи 25,02 отсто, ниво коешто оваа земја не го памети од падот на режимот на генералот Франко кон средината на 1970-те, покажуваат податоците објавени во петокот од тамошната агенција за статистика.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека стапката на невработеност во Шпанија во разгледуваниот тримесечен период се зголемила за 0,4-процентни поени во однос на вториот годинешен квартал, а без работа биле 5,8 милиони Шпанци.
Најновите показатели за шпанската невработеност врши дополнителен притисок врз владата во Мадрид којашто се обидува да го смири буџетскиот кусок и со тоа да ги исполни барањата на Европската комисија во период на тешка рецесија којашто не покажува знаци на забавување. Во Европската унија поголема од шпанската е само невработеноста во Грција.
Потребата на Шпанија од финансирање за оваа година во најголем дел се покриени, а трошоците за задолжување значително се намалени од август кога Европската централна банка (ECB) вети дека ќе ги купува шпанските државно обврзници откако Мадрид и официјално ќе побара помош.
Мерките за штедење, во износ од повеќе од 60 милијарди евра за периодот до 2014 година, најверојатно дополнително ќе претставуваа кочница за растот, а последично ќе доведат до губење на поголем број работни места.
Шпанската влада за 2012 година прогнозира пад на стопанските активности за 1,5 отсто, коишто идната 2013 година треба да забави на 0,5 отсто, според моменталните проекции.
Кон крајот на минатата 2011 година, шпанската економија повторно западна во рецесија. Во владата во Мадрид прогнозираат дека 2013 година ќе биде последната со рецесија, но напомнуваат дека пред 2014 година, не треба да се очекува пад на стапката на невработеност под 24 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

