Економија
НБМ ја спушти прогнозата за раст, ја качи за инфлацијата
Народната банка на Македонија (НБМ) во четвртокот изврши надолна ревизија на проекцијата за раст на економијата, а од друга страна направи нагорна корекција за стапката на инфлацијата за оваа и наредната година.
Според најновата проценка на НБМ, Македонија во 2012 година ќе оствари нулта стапка на економски раст, односно ќе стагнира, додека во за наредните две година се очекува економијата да заживее и да биде остварен раст од 2,6 отсто во наредната година и 3,4 отсто во 2013 година.Во претходната проекција, НБМ прогнозираше дека македонската економија годинава ќе оствари раст од еден отсто, а за наредната година се очекуваше раст од три отсто.Гувернерот Димитар Богов појасни дека надолната ревизија се должи на негативните ефекти од странство.„Остварени се дел од ризиците за влошување на глобалниот економски амбиент, поради што се влошени перспективите за домашната економска активност и затоа е направена надолна ревизија на проекцијата за БДП“, изјави Богов.Тој наведе дека во 2013 и 2014 година се очекува постепено закрепнување, при што се очекува заживување на домашната побарувачка, пред се кај инвестициите, а се очекуваат и позитивни ефекти од структурните промени.Гувернерот сепак, укажа дека економијата ќе биде под потенцијалот и во текот на наредната година, главно под влијание на странската побарувачка.НБМ изврши нагорна ревизија на инфлацијата за 2012 и 2013 година од 2,2 отсто на 3,5 отсто, како краткотраен ефект, со очекување за стабилизација во 2014 година.Поголеми промени во дефицитот на тековната сметка не се очекуваат, иако е извршена надолна ревизија на капиталните текови за 2012 година и се очекува влошување на тековната сметка за 2013 година.Салдото на тековна сметка годинава се очекува да биде во минис 2,8 отсто од БДП, од што трговскиот биланс ќе биде во минус 22,5 отсто, а нето тековните трансфери во плус 20,2 отсто.За наредната година се очекува дефицитот во тековната сметка да биде минус 3,8 отсто, пред се поради очекувањата за намалување на капиталните приливи.Кредитниот раст во 2012 година се проценува на околу седум отсто, а во наредните две години се очекува умерено забрзување, при натамошен раст на депозитите и расположивите средства, истакна Богов.Гувернерот информираше дека нефункционалните кредити се зголемиле на 10,6 отсто, но изрази уверување дека не треба да се очекува натамошен раст на лошите пласмани.Запрашан да даде коментар за промашувањето во проценките за економскиот раст, со оглед на тоа што НБМ на почетокот на годината предвидуваше раст од три отсто за 2012 година, а владата дури 4,5 отсто, Богов рече дека погрешиле и сите странски релевантни институции, што се должи на големата неизвесност и несигурност во глобални рамки.„Проекциите ги промашија и ММФ, Светската банка, Европската централна банка, најголемите централни банки во светот, како и аналитички куќи чии проекции ги користиме за растот на економиите во нашите најголеми трговски партнери. Така е кога неизвесноста е голема, кога се менуваат околностите од ден за ден, на финансиските пазари владее исклучително голема несигирност, а инвестиорите не знаат каде да ги вложат парите. Тоа е нормална пракса“, изјави Богов. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Почна пријавувањето за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за: растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал, сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за органско земјоделско производство.
Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.
Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.
Економија
Ангеловска-Бежоска на форумот на Виенската иницијатива: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како претставничка на шесте централни банки од Западен Балкан во Одборот на „Виенската иницијатива“, учествуваше на Годишниот форум на панел-дискусијата посветена на банкарските системи во Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ), којшто оваа година се одржа во Вилнус, Литванија.
И покрај шоковите од невидени размери, банкарските системи во регионот, вклучително и македонскиот, покажаа високо ниво на отпорност. Македонскиот банкарски систем не само што ја задржа стабилноста, туку и уште повеќе ја зголеми. „Резултатите од овие напори се видливи. Капитализираноста на нашиот банкарски систем во споредба со претпандемичниот период е зголемена за близу 2 п.п., што е двојно повеќе од порастот во регионот на ЦЈИЕ и во моментов е највисока во изминатите 17 години, а квалитетот на капиталот е на историски високо ниво. Овие трендови во голема мера ги одразуваат зајакнувањето на регулативната рамка, на супервизијата и макропрудентните мерки преземени од страна на Народната банка“, посочи Ангеловска-Бежоска.
Притоа, особено е важно што и во овие кризни години имаше солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите (просечен кредитен раст од околу 7%). Во услови на циклус на монетарно затегнување, каматните стапки на кредитирање пораснаа, но растот беше помал од растот на каматните стапки во ЕУ. Со тоа домашните каматни стапки на кредитите значително се приближија до каматните стапки во ЕУ и разликата меѓу нив е историски најниска. Во овој момент, просечната каматна стапка изнесува 5,5%, односно е двојно пониска во споредба со периодот пред Големата финансиска криза, кога изнесуваше околу 11%, во просек.
Гувернерката се осврна и на финансиската писменост и заштитата на корисниците на финансиските услуги, коишто се значајни за носење соодветни финансиски одлуки, но и за зголемување на конкурентските притисоци и за понуда на поконкурентни финансиски услови. „Финансиската писменост, едукацијата и заштитата на потрошувачите, коишто се стратешки приоритети на Народната банка, се важни за клиентите за да можат подобро да ги разберат и правилно да ги споредат понудите меѓу различните банки. Неодамна формиравме посебна организациска единица за финансиската писменост и заштитата на потрошувачите. Под водство на Народната банка, беше усвоена и првата национална Стратегија за финансиска инклузија и писменост, додека регулативната рамка беше зајакната минатата година, вклучително и преку усвојување на Насоките за банките и штедилниците за добри практики за заштита на потрошувачите, фер и транспарентни односи, врз основа на јасни и лесно разбирливи информации за производите и услугите што ги обезбедуваат. Беа преземени и мерки за зголемување на транспарентноста преку споредба на надоместоците за најрепрезентативните банкарски платежни услуги, коишто заедно со либерализацијата на пазарот на платежни услуги, ја поттикнуваат конкуренцијата во системот“, истакна Ангеловска-Бежоска.
„Виенската иницијатива“ е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа, присутни во регионот на ЦИЈЕ и секоја година, од 2009 година до денес, организира собири во областа на финансиите на кои сите засегнати чинители зборуваат за идните насоки во политиките поврзани со банкарскиот сектор и за поопшти макроекономски прашања.
Економија
Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 7.5.2024 година.
Од 10.5.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 88,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,609 (денари/килограм)
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,223 денар/кг и сега ќе изнесува 44,609 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,939 %, кај дизелот 1,523 %, кај екстра-лесното масло 1,341 % и кај „мазутот“ намалувањето е 3,608 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,015 %.