Контакт

Економија

Ќе се легализираат нерегистрираните трактори

Објавено пред

Македонија планира наскоро да ги легализира оние трактори и тракторски приколки кои немаат никаков доказ за сопственост, потекло и царинска декларација или делумна документација за регистрирање од разни причини.

dobivaj vesti na viber

На оваа тема во четвртокот Федерацијата на фармери во рамки на Саемската манифестација „Агрофуд“, организираше трибина на тема „Презентација на измените на Законот за легализација и регистрација на трактори“.Најчести не се регистрирани оние трактори кои се користеле во Република Македонија пред независноста, трактори добиени во наследство, купени без купопродажен договор, трактори до независноста кои биле набавени од другите републики на СФРЈ, трактори и приколки од донации и од други места. Како што појасни државниот секретар во Министерството за Економија, Анче Трифунов станува збор за регулирање на еднодецениски проблем околу статусот на тракторите и тракторските приколки со кои граѓаните имаа проблем. „Станува збор за повеќе десетици илјади трактори и тракторски приколки кај кои не беше можно да се изврши регистрација поради немање доказ за сопственост. Доколку има било каков доказ за сопственост се бара согласност за технички преглед така што се врши идентификација на самото возило, а постапката продолжува вообичаено. Доколку нема доказ тогаш со изјава заверена на нотар поднесува барање до надлежен суд на територија на општината со кое бара да му се утврди решение за сопственички статус. Судот е должен во рок од три дена да го достави до Министерството за земјоделство и во рок од 24 часа да биде објавено на огласна табла. Доколку никој не поднесе евентуална жалба во судот во рок од 30 дена се носи решение за сопственички статус“, информираше Трифунов.Тој информираше дека до 10 април е рокот да се поведе постапка пред суд, а една година да се поведе постапка пред надлежен орган за легализација. Федерација на фармери веќе спроведе и кампања за да се види на терен каква е реално состојбата со тракторите. Беа одржани форуми во Прилеп, Струмица, Куманово, Штип и тетовското село Камењане. „На терен се согледа дека најголем проблем кај земјоделците е тоа што немаат соодветна документација за да ја докажат сопственоста на тракторот и им е потребна  дополнителна едукација за правилна употреба на земјоделските трактори, а и немаат доволни информации околу законската регулатива за регистрација, “ вели Мемет Синани, заменик претседател на ФФРМ.Тој оцени дека со решавањето на проблемот со регистрацијата на тракторите корист  ќе имаат земјоделците во однос на продуктивноста на самата земјоделска механизација, но од друга страна ќе има намалување на сообраќајните незгоди, со оглед дека според официјалните податоци околу 100 сообраќајни незгоди со трактори се случуваат годишно каде што во најголем дел жртви се  трактористи, а голем дел од настраданите се и деца Република Македонија располага со 53.606 трактори. Кај индивидуалните земјоделски стопанства доминираат тракторите од 27 до 37 kW, а кај земјоделските претпријатија тракторите од 38 до 66 kW. Податоците зборуваат дека степенот на механизација е многу низок. Ако се има предвид фактот дека околу 85% од оваа механизација е амортизирана, станува јасно дека со таков капацитет на трактори не е можно да се спроведува потполна технологија на земјоделско производство.Повредите и несреќите со трагични последици претставуваат црна точка на земјоделското производство и во Република Македонија. Најчесто несреќите настануваат во периодот од април до ноември кога е екот на земјоделските работи, а повредите се разновидни: на дланките, рацете, нозете, главата или при превртување на тракторот, тоа се повеќе повреди на телото. Според литературните податоци, во 85% како жртви или повредени од земјоделската механизација се членовите на потесното семејство на ракувачите со земјоделската механизација. /крај/со/ап/

Економија

Buyback гаранција: Како P2P.mk ја претвора неизвесноста во сигурност

Објавено пред

Кога пазарот се менува брзо, а информациите кружат уште побрзо, сигурноста станува најважниот фактор. Инвестирањето во денешниот финансиски свет може да изгледа како пловидба по немирни води, но со механизми како што е нашата “Buyback” гаранција, P2P.mk ја претвора неизвесноста во сигурност за секој инвеститор.
Ваквите заштитни механизми се причината што сe повеќе инвеститори му веруваат на P2P моделот и го гледаат како стабилен начин за создавање пасивен приход.

dobivaj vesti na viber

“Buyback” гаранција – Забрзаната еволуција на инвестициските платформи и улогата на заштитните механизми

Развојот на алтернативните платформи за инвестирање како P2P.mk ја подигна потребата за сериозна заштита на средствата на инвеститорите. Како што овој модел растеше, растеше и очекувањето дека вложените пари мора да бидат заштитени од ризици што инвеститорите не можат да ги контролираат.

“Buyback” гаранцијата е механизам дизајниран за дополнителна заштита на вашите инвестирани средства. Како што P2P.mk се позиционира не само како првата peer-to-peer платформа во Македонија туку и како сигурна и стабилна платформа за инвестирање во потрошувачки кредити, безбедноста на вашиот капитал станува наш најголем приоритет.
Со воведувањето на Buyback гаранција како заштитен механизам, ние им нудиме на нашите инвеститори нова димензија на сигурност, што директно придонесе за огромниот раст на P2P инвестирањето. Oваа гаранција е еден од најстабилните заштитни механизми за секој инвеститор што сака да ги заштити инвестираните средства.

Мисијата на P2P.mk – Buyback гаранција како основа за доверба и сигурност
P2P.mk има јасна мисија: да обезбеди сигурни и безбедни инвестиции за секој кој сака да го стави својот капитал во движење. На платформата се објавуваат кредити што веќе се пласирани од кредитни друштва, а инвеститорите можат да ги откупат и да остварат заработка до 14%.
Тоа значи дека секој инвеститор што вложува на P2P.mk има дополнителен заштитен слој. Buyback гарантира дека финансиските средства се обезбедени дури и во ситуација кога заемопримачот не ги исполнува своите обврски.

Како функционира “Buyback” гаранцијата?
60-дневна заштита за откуп: Ако заемот доцни со плаќање повеќе од 60 дена, кредитното друштво (кредитниот оригинатор) автоматски го откупува кредитот од вас, инвеститорот. Со оваа гаранција, вашите инвестиции се заштитени од потенцијални неплаќања на крајниот заемопримач (лицето кое го земало кредитот)

Целосно покритие: Кредитниот оригинатор ја откупува инвестицијата за номиналната вредност на главницата и каматата што е акумулирана до датумот на откупот.
Тоа е заштитен механизам што ја гради довербата меѓу платформата, кредитните друштва и инвеститорите. Кога постои ваква заштита, инвеститорот знае дека не вложува сам и дека во позадина стои партнер кој има финансиска моќ да преземе одговорност.

Карактеристики и предности на заштитните механизми како “Buyback” гаранција
1. Сигурност и доверба
P2P.mk има мисија да обезбеди сигурни и безбедни инвестиции. Гаранцијата за откуп ги обезбедува вашите инвестиции со 60-дневна заштита, трансформирајќи ја секоја трансакција во јасно и доверливо инвестициско патување.
2. Заштита на капиталот
Најголемиот ризик во P2P инвестирањето е ризикот од неплаќање. Со “Buyback” гаранцијата, овој ризик го презема кредитното друштво, а не вие. Ако заемот доцни, давателот на кредитот ќе го откупи, покривајќи ја и главницата и пресметаната заработка од тој ден.
3. Поголема безбедност
Фактот што како заемодавачи се јавуваат кредитни друштва, а не директно со поединци, веќе нуди поголема стабилност. Дополнително, P2P.mk работи само со проверени и регулирани кредитни друштва, дополнително зајакнувајќи ја сигурноста и довербата кај нашите инвеститори. “Buyback” гаранцијата е дополнителен слој на заштита, кој ја прави платформата привлечна за поширок спектар на инвеститори.
4. Стабилен принос без главоболки
Бидејќи кредитното друштво ја гарантира откупот и заработката, вие како инвеститор можете да се фокусирате на оптимизирање на вашето портфолио и уживање во приносот до 14%, наместо да трошите време и енергија на следење на наплатата на доцнење на потрошувачки кредити. Едноставно, вашата заработка останува постојана и предвидлива.
P2P.mk – Инвестирајте со спокојство
Нашата гаранција за откуп (Buyback Гаранција) гарантира дека вашите средства се сигурни и вашето инвестициско патување е јасно и доверливо. Гаранцијата за откуп го прави P2P.mk модел кој е подготвен за иднината, нудејќи им на сите инвеститори шанса да учествуваат во профитабилни инвестиции со минимизиран ризик.
На P2P.mk оваа гаранција претставува суштински дел од заштитната мрежа што секој инвеститор ја добива уште на првиот ден. Инвестирајте денес и искористете ја моќта на нашата “Buyback” гаранција за сигурна иднина.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Рекордни приходи од концесии: За 9 месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини, известува Министерството за енергетика

Објавено пред

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари.

dobivaj vesti na viber

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286,355,517.00 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари, извести Министерството за енергетика.

Збирно, за деветте месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 931.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси и претставува зголемување за два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот во спротивно ризикуваат со раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Владата на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период има донесено вкупно 46 одлуки за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина а дел од нив се поради неплаќање на концесискиот надоместок согласно утврдениот Тарифник.

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

· Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски.

· Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите.

· Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во:

· Поголеми буџети за општините,

· Инвестиции во комунална инфраструктура,

· Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.

· Проекти за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници, се додава во соопштението на Министерството за енергетика.

Прикажи повеќе...

Економија

Славески: Народната банка ги засилува активностите за управување со климатските промени

Објавено пред

„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на активности за периодот 2023-2025 година се во завршна фаза, супервизорските очекувања се вградени во Насоките за управување со климатските ризици за банките, а климатските ризици се интегрирани во регулаторната рамка за кредитен ризик и регулативата за обелоденување податоци и известување. Анализите за влијанието на климатските ризици врз банкарскиот систем се составен дел од нашиот Извештај за финансиската стабилност, а тековно се работи на развивање климатски сценарија и стрес-тестови“, истакна гувернерот Трајко Славески на отворањето на Конференцијата.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека Народната банка во континуитет придонесува за подобрување на расположливоста на податоците поврзани со климатските ризици, пришто од минатата година започна со објавувањето на Преглед на „зелени“ показатели. За да ја согледа подготвеноста на корпоративниот сектор за справување со климатските ризици, Народната банка заедно со Европската инвестициска банка неодамна спроведе истражување кое покажа дека само мал дел (5%) од компаниите имаат планови за справување со климатски ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии се во рана фаза.

„Меѓународната заедница предупредува на високите трошоци од задоцнета акција. Декларацијата на меѓународната мрежа за зелени финансиски системи укажува дека тригодишно доцнење во климатската транзиција може повеќе од двојно да ги зголеми глобалните економски трошоци до 2030 година. Свесноста расте и кај регулаторите и кај банкарскиот сектор, но потребни се континуирани и координирани напори. Анализите на ММФ покажуваат дека уделот на приватниот сектор во финансирањето на економиите во развој е потребно да се зголеми од сегашните 40% на 90% до 2030 година, што ја нагласува потребата за силна соработка меѓу владите, меѓународните институции и финансискиот сектор“, додаде Славески, истакнувајќи дека Народната банка ќе продолжи да работи на зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и поддршка на одржливиот економски развој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ2 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија2 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа4 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија4 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа4 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет5 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет5 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет6 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа6 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија1 ден

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија1 ден

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ1 ден

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ1 ден

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија1 ден

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија1 ден

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија1 ден

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Топ1 ден

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија2 дена

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија2 дена

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....