Економија
Македонија го заврши претседавањето со Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ
Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски во петок во Приштина се обрати на шестиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа.
Тој истакна дека за време на претседавањето со Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ, најзначајно е проширувањето на членството во Советот на SWG. Тој информираше дека Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина од набљудувач повторно го доби статусот на членка.
Со статус набљудувачи, на SWG му се приклучија Федералното Министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство на Австрија, Федералното Министерство за храна, земјоделство и заштита на потрошувачите и Министерството за рурален развој на Унгарија. Секретаријатот за земјоделство и шумарство на Војводина, изрази интерес да го обнови статусот на членка во Советот на SWG.Последен настан што беше организиран под претседателството на Македонија, одржан во Охрид, минатиот месец, беше Форумот за земјоделска политика 2012, настан кој има критична улога во зајакнување на развојот на земјоделството и руралните средини во ЈИЕ.
Главна цел на овој состанок, на која освен министерските делегации од регионот, присуствуваа и претставници на Европската комисија, ФАО, ГИЗ и други донаторски институции, е регионалната соработка и реформите во секторот за земјоделство и рурален развој во насока на ЕУ интеграциите и претпристапната помош. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор помеѓу Македонија и Србија: ќе се испитува можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија склучи Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Министерството за рударство и енергетика на Република Србија, во просториите на Владата.
Гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија е означен како Водечки проект за енергетиски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.
Со меморандумот се предвидува испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас. Во рок од 9 месеци ќе се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу државите.
Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе превземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија.
Економија
Зголемување на цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,108 ден/кг и сега ќе изнесува 42,780 ден/кг.
Економија
Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови
Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се приспособат на бавниот економски раст и високиот долг бидејќи ова е светот во кој моментно живееме, изјави денеска претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на конференцијата за одржливост во Хамбург.
Според неа, тоа значи дека реформите што придонесуваат за раст, подобрување на инвестициската клима и напредок на пазарот на трудот треба безмилосно да се одложат.
„Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на своите членки да ги спроведат неопходните реформи, со што овие земји ќе имаат потенцијал да го зголемат растот на БДП во текот на четири години за осум отсто“, додаде Георгиева, пренесува „Танјуг“.
Конференцијата беше отворена со говорот на германскиот канцелар, Олаф Шолц.