Економија
Во Македонија има потреба од реален мерач на рејтингот на електронските медиуми
Интернет ресурсот Time.mk кој функционира како агрегатор на вести што ги продуцираат домашните електронски медиуми од четвртокот прави двојна класификација на македонските интернет медиуми….
Интернет ресурсот Time.mk кој функционира како агрегатор на вести што ги продуцираат домашните електронски медиуми од четвртокот прави двојна класификација на македонските интернет медиуми, правејќи двојна ранг листа на оние коишто имаат сертифициран прокод кај глобалниот ресурс за рангирање на сајтовите Alexa.mk и оние медиуми кои го немаат инсталирано овој код.
Така, Time.mk од својата ранг листа ја исклучи новинската агенција Макфакс, како и уште четири интернет ресурси и постави нова која се однесува само на овие интернет медиуми кои имаат сертифициран код од овој глобален ресурс за рангирање на сајтови Alexa.com.
Новинската агенција Макфакс, како сериозен медиум кој на македонскиот информативен простор постои веќе две децении и е еден од најстарите приватни медиуми по осамостојувањето на државата, следејќи ги своите принципите за веродостојност на содржините што ги објавува, на своите читатели, коминтенти и закупувачи, им нуди можност за веродостоен увид во рејтингот на агенцијата преку закупување на овој сертифициран код.
Всушност во тоа се состои втората манипулација што ја прави Time.mk со наводното појаснување за користењето на Alexa Toolbar, ненапомнувајќи го и неправејќи ја разликата меѓу Toolbar и Alexa серитифициран прокод.
Покрај тоа, Макфакс има инсталирано вакви кодови и од други релевантни глобални рејтинг агенции (Audience measurement agency), коишто се присутни и во Македонија.
Оттаму се наметнува прашањето дали сите сериозни македонски медиуми треба да ги користат сертифицираните кодови за прикажување на реалната слика во македонскиот електронски простор , за да се избегне можноста од манипулација од страна на учесниците на македонскиот интернет пазар коишто реагираат на непримерни начини кога ги губат врвните позиции на кои престојувале долго време.
Меѓутоа, за среќа, ваквите појави укажуваа на силниот развој на интернет медиумите во Македонија и големата конкуренција на пазарот и трката за што подобар рејтинг кај читателите, што сепак се заслужува со правовременост и веродостојност на содржините. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

