Економија
Доделени првите лиценци за проценители
Со свечена заклетва за совесно работење, во саботата министерот за економија Ваљон Сараќини додели 68 лиценци за започнување со вршење на проценителска дејност на идните проценителите.
Идните проценители завршија почетна обука и го положија стручниот испит за четири области за кои e надлежно Министерството за економија: Трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, Машини и опрема, Подвижни предмети и Индустриска сопственост.“Министерството за економија прво започна со активностите за проценувачи во четирите споменати области. Имавме дури 420 кандидати на спроведената обука и над 305 на испитите, кои се состоеја од писмен тест, практичен пример и усмен испит. Значајно е што со донесениот Закон за процена за првпат се регулира областа на процена во и за првпат се определува процената како професија, преку воведување на посебни услови, кои во досегашната пракса не беа предвидени” изјави Сараќини. Тој истакна дека со доделувањето на лиценците се финализира цел досегашен процес, а во меѓувреме, требаше да се исполни уште еден услов, покрај положениот испит, а тоа е регистрирање на кандидатите како трговец – поединец или друштво за процена. Со ова се создаде основата за профилирање на посебна професија, која преку своето стручно здружение ќе се грижи за контиунирана обука на проценувачите, а тоа е Комората на проценувачи.“Досега не постоеше стручно здружение кое ќе се грижеше за обука, контрола на квалитетот на извршените процени и професионалните стандарди на проценувачите, што беше причина за дијаметрално различни пристапи и процени. Со воведување на Комората, како здружение на проценувачи, ќе се овозможи континуирана обука, дисциплина во вршење на дејноста и одговорност при вршење на конкретна процена” објасни министерот.Во насока на професионализација на професијата проценител од особена важност е и законски воведената можност за ревизија на извршена процена, во случај странката – нарачател на процената да не е задоволна со извршената процена. За таа цел предвидено е формирање на посебна комисија која ќе има задача да оцени дали процената е изработена по усвоените методологии и меѓународни стандарди за процена. Доколку оценката на комисијата биде негативна, односно се оцени дека процената не е во согласност со наведените стандарди, следува соодветна санкција за проценителот. Уште еден екслузивитет е овозможен со законот, а тоа е осигурување од професионална одговорност во вршење на дејноста. Ова би значело дека ако проценувачот предизвика штета на странката, таа ќе може да се наплати од неговото осигурување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

