Економија
Поскапуваат бензините и дизел горивата

Малопродажните цени на бензините и дизелот ноќеска на полноќ се зголемуваат за 0,5 денари по литар, на екстра-лесното масло за домаќинство за 1 денар по литар, а мазутот поефтинува за нешто помалку од еден денар.
Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика, на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, литар Еуросупер БС- 95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 80,5 денари, додека новата цена на литар Еуросупер БС- 98 изнесува 82 денари.
Еуродизелот (Д-Е V) од утре на бензинските пумпи ќе се точи по цена од 73 денари за литар, а новата цена на Екстралесното масло за домаќинство изнесува 62 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,696 денари за килограм, со што новата цена на М-1 НС изнесува 42,241 ден/кг.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,6676 ден/$ и е за 1,16 % понизок од курсот на доларот (48,2287 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,25% или за 20,775 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,24 % или 20,375 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,70% или за околу 4,163 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување./крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед.
Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис во однос на ББ просекот.
„Фич“ пишува дека домашната политичка ситуација е нормализирана после подолг период на „политичка парализа“ од 2014-2017 година. Согласно агенцијата, процесот на евроинтеграција останува приоритет на земјата и двигател на реформите.
Како што наведува агенцијата, проекцијата за раст на македонската економија за годинава е 3,4% од БДП, што претставува забрзување во однос на лани. Тие очекуваат растот да биде придвижен од домашната побарувачка. Исто така наведуваат дека инвестициите во првото полугодие од годинава пораснале за 10,4%, што се должи на зајакнатата доверба на инвеститорите и на растот на кредитирањето.
„Фич“ во својот извештај вели дека трендовите на пазарот на труд се позитивни со раст на вработеноста за 2,2% и намалување на стапката на невработеност за 0,7 процентни поени на 17,1% заклучно септември. Тие очекуваат растот на инвестициите и на вработеноста да бидат поттикнувачи на економскиот раст и догодина, како и растот на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор.
Агенцијата вели дека извозот растел брзо, 13,2% заклучно септември годинава и покрај слабостите во еврозоната, особено во автомобилската индустрија во Германија. И увозот расте брзо, придвижен главно од увозот на суровини.
Државниот долг е проектирано умерено да се зголеми од 40,7% од БДП на крајот на 2019 година на 41,2%на крајот на 2021, пишува „Фич“. Владините гаранции за јавни проекти, главно поврзани за проекти за патишта се очекува да се зголемат од 8,1% од БДП во третиот квартал од 2019 на 10% во 2020 година.
Банкарскиот сектор е оценет како стабилен и добро-капитализиран. Депозитите растат за 10%, додека уделот на денарски депозити во вкупните е зголемен и изнесува 61,3% во вкупните депозити. Кредитната активност е повисока за 7,4% и согласно очекувањата на „Фич“ таа ќе порасне за 8,5% догодина како резултат на зголемената побарувачка.
Инаку во јуни годинава, агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, што беше прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години.
Економија
Копач ја пофали Македонија за усогласување на енергетската регулатива со европската

Под претседателството на Република Молдавија, во главниот град на оваа земја, Кишињев, се одржа состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница за 2019 година. Главен фокус на овој состанок беше ставен на презентацијата на Годишниот извешај за имплементација за 2019 година, на Секратаријатот на Енергетската заедница, како и целите на енергетска заедница за енергетската и климатската рамка до 2030 година.
Осврнувајќи се на Извештајот за имплементација за 2019 година, директорот на Секретеријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, особено го истакна напредокот на Северна Македонија во спроведувањето на законодавството на Енергетската заедница, односно усогласување на енергетската регулатива во Република Северна Македонија со европската легислатива.
Притоа, директорот Копач, ги истакна позитивните примери, за електронски наддавања за изградба на фотонапонски електрани по принцип на Премиуми, што неодамна се спроведоа, спроведувањето на обврските поврзани со секторот за електрична енергија, како и изработката на националната долгорочна Стратегија за енергетика до 2040 година. По нејзиното усвојување, Северна Македонија ќе биде првата договорна страна на Енергетската заедница со Стратегија за енергетика во согласност со петте димензии за енергија и клима на Европската Унија и многу брзо ќе започнат со изработка и имплементација Националните интегрирани планови за енергија и клима, информираат од Владата.
На состанокот се разгледуваа реформите за подобрување на функционирањето на Договорот за Енергетска заедница. Реформите треба да го зајакнат механизмот за спроведување на Договорот, вклучително и со нов механизам за спроведување, сличен на оној во ЕУ и воведување нови одредби за олеснување на трговијата со енергија и зајакнување на интеграцијата на пазарот помеѓу договорните страни на Енергетската заедница и земјите членки на ЕУ со систем на реципрочни права и обврски. За прв пат, Договорот ќе има задача на Енергетската заедница да се бори против климатските промени и ја нагласува важноста на Парискиот договор. Се очекува преговорите да бидат финализирани во првата половина на 2020 година.
Европската комисија ја претстави тековната работа за генералните упатства за политика за 2019 година за целите до 2030 година и климатската неутралност за Енергетската заедница и нејзините договорни страни. Предлогот за целите од 2030 година сега се очекува во првата половина на 2021 година, заедно со релевантниот законодавен пакет.
Економија
СДСМ: Со Мој ДДВ се враќаат 3 милиони евра

Преку мерката МојДДВ, 15 отсто од данокот на додадена вредност, кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад, во нивниот буџет.
Од СДСМ потсетуваат дека исплатата на првите парични средства од мерката Мој ДДВ е во тек, а 186 милиони денари или над 3 милиони евра, се враќаат назад на сметките кај граѓаните кои скенирале сметки за периодот јули август и септември оваа година.
„Успешноста на мерката МојДДВ, се гледа и во тоа што граѓаните не само што добиваат денар плус на својата сметка, туку тие се и даночни инспектори и директно помагаат во сузбивање на сивата економија. Мерката МојДДВ е само еден од начините преку кој државата покажува вистинска грижа за граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивниот семеен буџет. Концептот Парите назад кај граѓаните е реален и дава видливи резултати“, нагласува СДСМ во соопштение.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми