Економија
Министерот Јанакиески на министерска конференција во Загреб
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе присуствува и ќе се обрати на 8. годишна министерска конференција за развој на транспортната мрежа на Југоисточна Европа – „Транспортна опсерваторија на Југоисточна Европа“ (SEETO) која се одржува во понеделник и вторник во Загреб, Хрватска.
На годинешниот состанок е најавено присуството на делегации претставени на високо ниво од сите земји во регионот, како и од Европската комисија(ЕК), земји-членки на Европската унија(ЕУ), меѓународни финансиски институции и различни организации од областа на транспортот.
Предвидено е министерот Јанакиески да се обрати на првата сесија на министерската конференција при што ќе ги претстави капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Република Македонија.
Се очекува на оваа средба да биде донесен Повеќегодишен план, документ кој претставува регионален план во областа на транспортот кој дава целосен преглед на развојот на мрежата на Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа.
Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа е регионална транспортна организација, формирана со Меморандумот за разбирање потпишан во 2004 година од страна на повеќе влади и ЕК, чија цел е да промовира соработка за развој на главна и помошна инфраструктура на мултимодалната мрежа и да се промовира и зајакне локалниот капацитет за имплементација на инвестициони програми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

