Контакт

Економија

Доделување награда „СПА дестинација на Македонија“

Објавено пред

Свечена церемонија за доделување на Спа награди за Македонија, како дел од Балканските Спа награди ќе се одржи во саботата навечер во Скопје.

Настанот го организира Иницијативниот комитет чиј претседател е д-р Жан Митрев и меѓународната организација Спа Номинации, која поседува патентирана марка.Покровител на церемонијата е Министерство за економија, а ресорниот министер Ваљон Сараќини ќе ја додели главната награда во категоријата „СПА дестинација на Македонија“. Манифестацијата се организира по повод започнување на кампањата за развој на Спа туризмот во Македонија и промоција на Македонија како значајна Спа дестинација на Балканот. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Царовска: Просечната пензија идната година се зголемува на 15.500 денари

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во Битола се сретна со пензионерите, со кои разговараа за претстојното зголемување на сите пензии за 700 денари во јануари 2020 година, за следните усогласувања во текот на идната година, но и за развој на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

„Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари, што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари”, рече Царовска.

Царовска истакна дека дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 проценти на просечната плата.

Илија Ивановски, заменик-директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, истакна дека: „Со пензиската реформа само за една година направивме заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10%. Пензиите се покачуваат во време кога 11 месеци по ред пензиите се исплаќаат без позајмици и кога спроведувањето на пензиската реформа даде одлични резултати”, рече Ивановски.

Претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова рече дека зголемена пензија ќе добијат над 320 илјади пензионери. Претседателот на Здружението на пензионери на Битола, Томе Димитровски, истакна дека Битола е град со над 18.000 пензионери, а повеќето од нив добиваат просечна пензија.

Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.

Посетата на Битола министерката Царовска ја искористи и за средба со корисниците на Регионалниот ресурсен центар за лица со попреченост и Домот за стари лица „Сју Рајдер“.

Прикажи повеќе...

Економија

Државна лабораторија ќе го контролира индустриското загадување

Објавено пред

Прифатен е амандманот на буџетот, поднесен од пратеничките на ДОМ, за дополнителни 5 милиони денари за акредитација на централна лабораторија. Поддршка за амандманот дадоа министерката за финансии, Нина Ангеловска, како и членовите на Комисијата за финансирање и буџет од мнозинството и од опозицијата.

Со овие средства ќе се реализира повеќегодишното барање на ДОМ за ставање во употреба на централната лабораторија во Министерството за животна средина.

„Во неа беа веќе вложени средства за техничка опрема и стручен кадар, но беше надвор од употреба и се користеа услуги на неколку приватни акредитирани лаборатории. Ова со право оставаше сомнеж во причините за недовршување на процесот на акредитација на една државна лабораторија, која ќе биде контролор на испитувањата за загадување од индустриските капацитети и од други извори“, велат од ДОМ.

Од партијата додаваат дека со ова ќе се отстранат сомнежите за можни непринципиелни договори помеѓу одредени индустриски инсталации, приватни акредитирани лаборатории и претставници од институциите. Посебно значајна ќе биде за инспекторите за животна средина при вршење инспекциски надзор. Ова ќе придонесе за поголема независност и објективност на инспекциските контроли, а со тоа и поефикасна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Сугарески: Преку 15 милиони евра за изградба на водоводи и канализации за следната година

Објавено пред

„Ги зголемуваме средствата за изградба на водоводи и канализации за следната година и само преку Министерството за транспорт ќе се вложат преку 15 милиони евра за комуналната инфраструктура“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната посета на општина Теарце.

„Министерот заедно со градоначалникот на општината извршија увид во реконструкција на водоводната мрежа во општината, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Вредноста на инвестицијата е 16,4 милиони денари, а ќе се изврши комплетна замена на водоводна мрежа во должина од 12, 2 километри.

„Владата, а посебно ние како ресорно министерство, силно сме фокусирани на подобрување на животот на граѓаните токму преку изградба на водоводни и канализациски системи.
Денеска сум присутен во општина Теарце, каде работиме на проект со кој ќе се изврши комплетна замена на дотраената водоводна мрежа во должина од 12 километри. Знаеме со какви тешкотии до сега се соочуваа жителите на Теарце, но со реализација на овој проект значително ќе се подобри живеењето овде. Силно сме фокусирани на комуналната инфраструктура, само во овој момент активно работиме на 28 проекти, седум проекти со во фаза на тендерирање, а дури 20 проекти ги подготвуваме да ги објавиме за тендерирање”, изјави Сугарески.

Градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, истакна дека со реализација на проектот значително ќе се подобри водоснабдувањето во општината, особено во летните периоди кога потрошувачката е голема.

„Верувам дека со овој проект конечно ќе го надминеме проблемот со водоснабдувањето и затоа уверувам дека жителите на Теарце можат да бидет спокојни бидејќи ќе добијат поквалитетни количини за вода“, истакна градоначалникот Асани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија3 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија4 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија7 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура7 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион9 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет9 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија9 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет9 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт10 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа10 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет10 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет10 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион10 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија21 час

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа1 ден

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Досие