Економија
Македонскиот Закон за работни односи се усогласува со европските Директиви

Македонија се приближува и се усогласува со работното законодавство на Европската унија, беше заклучено на тркалезна маса во понеделник во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
Во Законот за работни односи се транспонирани речиси сите 20 Директиви на ЕУ во оваа сфера, појасни државниот секретар при Министерство за труд и социјална политика, Стојан Трајанов.
Речиси целосно е воведена директивата поврзана со информирањето и консултирањето на работниците во случај на колективни отпуштања од страна на работодавачите. Директивата за заштита на вработените во случај на несолвентност на фирмите допрва треба да се воведе.
Вработените во здравството, образованието, културата и јавните претпријатија од општините и Градот Скопје веќе не се дел од јавната служба, објасни Владимир Анчев од Министерството за информатичко општество и јавна администрација.
Сепак, според него, факт е дека докторите не се јавни службеници, но другите што работат во здравствените институции припаѓаат на оваа категорија. Дополнително, професорите не се јавни службеници, но оние што работат во администрација се јавни службеници. Помошниот и административниот кадар и во културата треба да се јавни службеници.
Од МИОЈА објаснуваат дека тешкотија е тоа што нема конкретни ЕУ директиви кои треба да се применат околу регулирање на администрацијата, туку дека е оставена на слободната волја на секоја земја, сама да ја регулира администрацијата и да презема добри практики од државите.
Според Билјана Чкламовска, претставник на КСС, неопходно е да се работи на имплементација на информирањето и консултирањето на работниците од страна на работодавачите. За Синдикатот ова е сериозен предизвик на кој треба да се работи затоа што работодавачот е должен да обезбеди информации за тековната состојба на правниот субјект, за структурата и можниот тек на вработувањата, за значајните промени во организацијата и систематизацијата кои може да бидат закана за нивното вработување.
При масовни отпуштања (20 работници во период од 90 дена), неопходно е да постои информирање и консултирање од страна на работодавачот. Процесот на консултирање со работниците треба да започне најмалку месец дена пред да започне процесот на отпуштање.
Во Македонија, годишно, има околу 9.000 трудови спорови пред судовите. Околу 80% од нив се однесуваат на неисплатени плати, придонеси или надоместоци од плати. Сепак, според државниот секретар во МТСП, Трајанов, тие се најпогодни за решавање преку инструментот „мирно решавање на трудовите спорови“. Еден трудов спор пред судот чини од 500 до 1.000 евра, а ако се примени мирното решавање (платена медијација), тие изнесуваат околу 100 до 120 евра во денарска противвредност.
На тркалезната маса учествуваа Питер Зајденек, претставник на Европската конфедерација на синдикати, претставници на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за Информатичко општество и јавна администрација, претставник на Фридрих Еберт фондацијата, на Меѓународната организација на трудот, како и синдикални претставници од Бугарија, Србија, Црна Гора./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.
Од Министерството информираат дека одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски.
Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.
Ова е втора еднострана раскината концесија за само неколку недели. Претходно беше донесена одлука и за раскин на концесијата за експлоатација на варовникот „Лавинчеви“ во Општина Гази Баба.
Компанијата не обезбедила минимална експлоатација од 20% – односно 25.000 тони годишно – и за три години практично нема активност, а не е исплатен ниту концесиски надоместок. Долгогодишниот прекин на активностите и непочитувањето на законските обврски беа потврдени со вонреден инспекциски надзор.
„Министерството и Владата испраќаат јасна порака: секое несовесно користење на природните ресурси ќе се санкционира, а заштитата на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните е приоритет. Сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки, а одговорното и одржливо управување со природните ресурси останува стратешка цел на државата. Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат на прво место“, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Економија
Топ-5 начини за паметно штедење преку осигурување

Колку пати сте си рекле „од утре ќе почнам да штедам“ – но утрешниот ден никогаш не дошол? Кога зборуваме за паметно штедење, повеќето луѓе мислат на штедна книшка или депозити во банка. Но, паметното штедење не се сведува само на одвојување средства, туку на создавање сигурност.
Осигурувањето е тивкиот херој на финансиското планирање, тоа е начин да заштедите, додека истовремено се заштитувате од ризици. Склучувањето осигурување е повеќе од трошок, тоа е стратегија.
Се работи за создавање сигурност, стабилност и заштита. Ви ги претставуваме најдобрите 5 начини за паметно штедење преку осигурување.
Минт Инс – Паметно штедење преку осигурување
Штедењето не е само одвојување средства на страна, тоа е и создавање сигурност, стабилност и долгорочна финансиска заштита. Во Минт Инс, како осигурително брокерско друштво посветено да им помогне на клиентите преку соработка со осигурителните компании, ние гледаме на осигурувањето како на најдобрата долгорочна инвестиција во финансиска сигурност и штедење.
1. Комбинирајте животно осигурување со штедење – двојна заштита
Првиот и најмоќен чекор кон паметно штедење е животното осигурување. Тоа не е само финансиска заштита, тоа е начин да се грижите за вашите најблиски, и истовремено да создавате акумулирана вредност со тек на време.
Со Минт Инс животно осигурување, дел од секоја уплата оди во штедна компонента, која расте со годините. На тој начин, не само што го заштитувате семејството во непредвидени ситуации, туку градите личен капитал што може да ви послужи подоцна во животот.
2. Здравствено осигурување – штедење преку превенција
Како што спомнавме, паметното штедење не е само одвојување средства, туку и олеснување на непредвидливите трошоци. Здравственото осигурување го овозможува токму тоа.
Наместо да плаќате големи суми при непредвидена болест или несреќа, со полиса за здравствено осигурување плаќате месечна премија и добивате пристап до квалитетна грижа кога најмногу ви треба.
Со здравствено осигурување од Минт Инс, избегнувате непотребен ризик. Наместо да плаќате вртоглави суми во момент на потреба, осигурувањето ви ги олеснува тие трошоци. Тоа е вистинско паметно штедење: вложувате денес за да заштедите утре.
3. Осигурување на имотот – заштитете го она што сте го создавале со години
Штедењето не значи само собирање пари, туку и заштита на она што веќе го имате. Со осигурување на домот, автомобилот или деловниот простор, го намалувате ризикот од неочекувани финансиски удари.
Ова е еден од најпрактичните начини за паметно штедење, бидејќи дури и мал настан (поплава, пожар или кражба) може да предизвика големи трошоци.
Минт Инс нуди пристап до флексибилни пакети со кои можете да ја осигурате својата имотна вредност и да бидете сигурни дека вашите заштеди нема да се трошат на непредвидени поправки и штети.
4. Осигурување од Авто одговорност – безбедност што се исплаќа
Автомобилот е секојдневна потреба, но и одговорност што бара сигурност. Со Минт Инс осигурување од автоодговорност, не само што го заштитувате вашето возило, туку и вашите финансии.
Во случај на несреќа, дефект или штета, осигурувањето ги олеснува непланираните трошоци и ви овозможува заштитна мрежа. Тоа е суштината на паметно штедење, да не дозволите неочекуваните ситуации да ви ја нарушат финансиската стабилност.
5. Комбинирани пакети – максимална вредност, минимален ризик
Најдоброто паметно штедење се постигнува со комбинација на различни типови осигурување. Со комбинирани пакети, можете да поврзете повеќе видови на осигурувања, при што добивате поповолни услови и поширока заштита.
На овој начин, ја зголемувате ефикасноста на секоја уплата, ги минимизирате ризиците и добивате поголема сигурност.
Зошто паметното штедење преку осигурување е вистинскиот избор?
Бидејќи осигурувањето не е само заштита – тоа е финансиски план кој ве учи на дисциплина, планирање и стабилност. Со Минт Инс, секое финансиско средство што го вложувате работи за вас, создавајќи иднина без стрес и неизвесност.
Со Минт Инс вие:
· Вложувате во сигурност.
· Добивате финансиска стабилност.
· Градите мирна иднина за вас и вашето семејство.
Подгответе се за иднината – започнете со паметно штедење денес
Октомври е вистинскиот момент да направите промена што ќе се исплати долгорочно. Со Минт Инс осигурување, ќе го претворите секој ден во инвестиција во мир, сигурност и стабилност.
Започнете ја вашата финансиска иднина со паметно штедење преку осигурување од Минт Инс. Контактирајте нè денес на 15 107, на емаил [email protected], или во нашите филијали, и нашиот тим ќе ви помогне да ја откриете понудата што најмногу одговара на вашите потреби.
(ПР)
Економија
Димитриеска-Кочоска учествува на годишните средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.
Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст. Согласно агендата, министерката ќе оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршните директори Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили. Исто така, средби се предвидени и со потпретседателката на Светската банка Антонела Басани, извршниот директор на Светската банка Јуџин Ругенат, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју и со директорката за земјава во СБ Карол Межеван.
Димитриеска-Кочоска во Вашингтон ќе има можност да оствари средби и со претставници на Трезорот на САД, со којшто е воспоставена соработка во насока на зајакнување на ефикасноста на институциите, како и со повеќе инвеститори коишто се вклучени во процесот на издавање еврообврзници.
Годишните средби на ММФ и СБ оваа година се одржуваат под мотото „Можност во време на промени“, а на нив учесниците, односно министрите за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл. ќе можат да се осврнат на актуелните состојби и на предизвиците во глобални рамки, како и на изнаоѓање можни решенија. На годишните средби во Вашингтон министерката за финансии учествува заедно со гувернерот на Народната банка Трајко Славески.