Контакт

Економија

Европа за продолжување на реформите на Монти

Објавено пред

Европските партнери ја повикаа во понеделник италијанската влада да се држи до реформскиот план на премиерот Марио Монти, откако тој најави дека порано ќе ја напушти премиерската функција, а враќањето на Силвио Берлускони на политичката сцена ги разниша финансиските пазари.

Неочекуваната најава на Монти овој викенд дека ќе поднесе оставка бидејќи партијата на Берлускони Народ на слободата ја повлече поддршката на неговата технократска влада ја зголеми цената на италијанското задолжување и ги поттикна берзите на продажба.

Во предизборната кампања за изборите што треба да бидат во февруари, веројатно ќе се води судир околу реформскиот план на Монти за кој Берлускони рече дека ја осудил Италија на рецесија и го принудил без посебна желба да се кандидира по петти пат.

Европските политичари предупредија дека политиките на Монти мораат да се продолжат за да се спречи враќање на кризата која пред една година и го доведе на власт, кога требаше да ја спаси земјата од заканите за банкрот, слични на оние во Грција.

Испитувањата покажуваат дека Берлускони нема големи шанси за повторен избор, додека Демократската партија на левиот центар со Пјер Луиџи Берсани има голема предност и би ја формирала новата влада со широка проевропска платформа, во согласност со плановите на Монти. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Извлечени добитниците на награди од 20.000 денари преку „MojДДВ#МојаНаграда“

Објавено пред

Извлечени се 15 добитници на месечните награди од 20.000 денари преку наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“ на јавно извлекување, кое се одржа вчера.

Имињата на добитниците се објавени и на веб-страницата на Државна лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во другите кола на „#МојаНаграда“ до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија ќе се одржи во декември, а таа ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

До краотј на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди од 1.000 денари. Доделувањето повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Прикажи повеќе...

Економија

Ваучерите за туризам ќе може да се користат и преку туристички агенции

Објавено пред

Министерството за економија овозможи сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, да може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ заклучно со 10 август.

На тој начин граѓаните што добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети, да може да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции што ќе се регистрираат на платформата.

„Во согласност со уредбата со законска сила за издавање ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамките на своите понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk“, соопшти Министерството.

За да исполнуваат услови за добивање пристап во платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и да ја прикачат на самата платформа.

Агенциите што претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца), автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите може да понудат сместување, а да вклучат и дополнителни услуги, како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

За 20 дена, по почнувањето на мерката ваучери за домашен туризам, до денеска искористени се над 8.400 ваучери.

Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Прикажи повеќе...

Економија

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната енергија ќе ги зголеми цените на производите.

„Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се однесува само за регулираниот пазар на електрична енергија. Повеќето од индустриските и комерцијалните потрошувачи сами набавуваат електрична енергија на слободниот пазар по цени што не ги определува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија на слободниот пазар во Северна Македонија во 2020 година е пониска приближно 9 % во однос на 2019 година, што значи дека и трошокот за електрична енергија на индустриските и комерцијалните потрошувачи во 2020 ќе биде помал во однос на 2019. Во наредниот период индустријата ќе има пониски трошоци за електрична енергија во споредба со 2019 година и тоа позитивно ќе влијае врз нејзиното работење во овие кризни времиња“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека со одлуките од 31 јули 2020 година преку фактори на корекција на МЕПСО му го намали приходот за 2020 година за 13,25 милиони евра, а на „ЕВН хоме“ за 4,5 милиони евра, поради тоа што овие компании во 2019 година оствариле поголем приход од одобрениот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија3 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија3 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион5 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија5 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија6 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија6 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет8 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет9 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет9 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет9 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет23 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет23 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет24 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион24 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет1 ден

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија1 ден

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ1 ден

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет1 ден

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Досие