Економија
Министерството за земјоделие ја зајакнува соработката со министерствата од регионот
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски на првиот ден од меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерални средби со своите колеги, министрите за земјоделство од регионот кои беа присутни на саемот.
На средбата со словенечкиот министер за земјоделство и животна средина, Франц Боговиќ се разговараше за текот на реализацијата на билатералните договори во земјоделството, се дадоа можни проекти за идната година како и техничка соработка меѓу двете министерства. За време на средбата со заменик министерот на Србија, Данило Голубовиќ повторно се потврди успешната соработка помеѓу двете министерства. Заменик министерот Голубовиќ побара од министерот Димовски техничка и институционална помош за вработените во српското министерство и нивната платежна агенција, на што министерот Димовски целосно ја даде својата подршка.Исто така во текот на денешното попладне министерот Димовски се сретна и со своите колеги министрите за земјоделство на Хрватска и на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Тихомир Јаковина и Јерко Лијановиќ. И на овие две средби министрите разговараа за интензивирање и продлабочување на досегашната успешна соработка во земјоделството.„Имав навистина успешни средби со моите колеги министерот за земјоделство на Словенија, Србија, Хрватска и БиХ. Досегашната успешна соработка помеѓу нашите министерства продолжува и понатаму „ – истакна министерот Димовски.Во текот на утрешниот ден министерот Димовски ќе учествува и на Самитот на министри за земјоделство, кој е дел од „Зелена недела“ Во фокусот на годинашниот Самит на министри ќе биде прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популација која на глобално ниво сè повеќе расте и дека е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој, и ќе се стави акцент дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

