Економија
Холандскиот министер Дијселблум нов челник на еврогрупата
Министрите за финансии на државите членки на еврозоната го избраа во понеделникот вечерта холандскиот министер за финансии Јерун Дијселблум за нов претседател на еврозоната, на место на Жан-Клод Јункер, кој на функцијата беше осум години.
Дијселблум (46) должноста холандски министер за финансии ја обавува само 11 недели, поради што и е непознат на европската јавност. За него се тврди дека е добар преговарач и стратег.Новиот челник на еврогрупата се појави како компромисен кандидат, со оглед дека доаѓа од една од државите со највисок кредитен рејтинг, која е една од основачите на ЕУ, социјалдемократ е што и одговара на Франција, а ги поддржува строгите мерки на штедење, кои ги заговара Германија.Жан-Клод Јункер (58) лидерот на луксембуршката христијанско-социјална партија и најдолговечниот европски лидер, во луксембуршката влада се наоѓа непрекинато од 1982 година, а премиер е непрекинато од 1995 година. Тој е еден од најугледните европски лидери, исклучително популарен во својата држава, познат по специфичен хумор и непосредност, поради што е омилен меѓу известувачите од Брисел. Многумина, токму поради него, мислат дека Луксембург е многу поголема држава од тоа што е.Министрите за финансии на државите членки на Европската монетарна унија првиот состанок го одржаа во 1998 година. На почетокот со состаноците претседаваше оној министер чија држава го вршење ротирачкото претседателство со ЕУ, освен во случај ако таа држава не е членка на еврозоната. Токму за да се избегнат такви ситуации, во 2004 година беше одлучено да се назначи претседател на еврогрупата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

