Економија
Светскиот економски форум ќе биде посветен на економското закрепнување
Лидерите на светската политичка и финансиска елита се собраа во средата во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот економски форум, со амбиција да се консолидираат првите знаци на глобално економско закрепнување.
Педесетина шефови на држави и влади ќе се состанат во конгресниот центар во Давос со стотина директори на големи компании, економските, експерти и новинари од сите делови на светот, кои ќе учествуваат на 43-от Светски економски форум.Овогодишниот форум ќе го одбележат, пред се, смирувањето на состојбата една година по потресите во еврозоната, која делуваше како да е на раб на амбис.Светските лидер денес со помалку песимизам ги изнесуваат предвидувањата за светската економија во 2013 година, но и натаму се внимателни, покажа студијата објавена во пресрет на Форумот.Основачот на Форумот, Клаус Шваб на синоќешниот собир им порача на учесниците да се издигна над кризата во еврозоната и да демонстрираат визија.Најавено е денеска на присутните на форумот во елитното одморалиште да им се обратат претседателот на Европската централна банка Марио Драги, директорката на ММФ Кристин Лагард и рускиот премиер Дмитри Медведев.Во наредните денови се очекува обраќање да имаат и британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти а меѓу учесниците на Форумот се и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и претседателот на Светската банка Џим Јон Ким. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

