Економија
Владата со седум милиони евра ќе вработува 2.000 луѓе
Седум милиони евра, обезбеди Владата, со кои планира да вработи околу 2.000 лица од различни категории годинава.
Како што најави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, Владата донесла шест нови мерки, за самовраборување, помош на работодавците, занаетчиите со цел да се вработат околу 2.000 невработени граѓани.
Првата мерка се однесува на самовработувањето, за чија цел де одвоени три милиони евра, наменети за вработување на 1.000 лица. Имено, оние кои сакаат да отворат сопствен бизнис, ќе добијат од Владата 200.000 денари, од кои 15.000 денари ќе бидат наменети за изработка на предлог-лан за бизнисот кој сакаат да го отворат, а останатите пари ќе можат да ги потрошат за репроматеријали. Ова е неповратен грант.
Втората мерка се однесува на субвенционирање на вработените, за што се одвоени 700.000 евра, а се планира вработување на 500 лица. Работодавачот ќе мора да го задржи вработениот најмалку 18 месеци, за што ќе добива 15.000 денари во првите шест месеци, а по 13.000 денари следните 12 месеци.
За ранливите категории луѓе, самохрани родители, социјални случаи и друго, работодавците ќе добиваат по 17.000 денари.
„Следува субвенционирање за вработување на лица со инвалидитет, кое се реализира согласно со Законот за вработување на инвалидни лица и Правилникот за критериуми и начинот на доделување на неповратни средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидни лица“, рече Ѓорѓиев.
Секој работодавец кој ќе вработи лице со инвалидитет и редовно му исплаќа плата и останати давачки на тоа вработено лице во период од 9 месеци, по изминувањето на тие 9 месеци има право да побара и ќе добие од државата 20 просечни плати, а доколку лицето со инвалидитет е слепо или е до степен на инвалидитет да има потреба од помагало-количка тогаш работодавецот ќе добие 40 просечни плати. За оваа цел се одвоени околу 3 милиони евра за овозможување поддршка за вработувања за 300 лица.
Планирана е и финансиска поддршка на мали и средни претпријатија и занаетчии за отворање на нови работни места.
За реализација на Програмата се предвидува поддршка со неповратни средства во вид на опрема и/или материјали во висина од 92.000,00 денари за секое новоотворено работно место, но не повеќе од 5 работни места (максимум 460.000,00 денари) по работодавец.
Работодавачот ќе мора да го задржи вработениот најмалку 12 месеци од денот на вработувањето и тоа со полно работно време.
Владата ќе поттикне и вработување на деца без родители во приватниот сектор, за што државата ќе дава 8.000 денари месечно по вработено лице од оваа категорија во период од 24 месеци, и ќе ги плаќа 100 отсто од придонесите за ова лице во траење од 12 месеци, а во вторите 12 месеци ќе плаќа 50 отсто од придонесите.
Исто така, се планира субвенционирање на плодоуживатели на земјоделско земјиште. Програмата ќе се реализира со доделување на државно земјоделско земјиште на плодоуживање на лица кои се корисници на социјална помош.
Корисниците ќе бидат регистрирани како индивидуални земјоделци, и ќе им се обезбеди 100 отсто од месечниот износ на социјална парична помош и обезбедено социјално осигурување во првите 12 месеци, и 50 отсто од месечниот износ на социјална парична помош и 100 отсто обезбедено социјално осигурување во следните 12 месеци (втората година).
Со досегашните мерки на Владата за самовработување се вработиле 8.000 лица, а 85 отсто од почнатите бизниси се успешни.
„Во идниот период ќе бидат донесени и мерките за подготовка за вработувања со кои ќе бидат опфатени дополнителни 3.750 лица, при што повторно се овозможува директна финансиска поддршка“, рече Ѓорѓиев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

