Економија
Економија Б92: Тодоровиќ ќе инвестира во хотел во Белград
Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на скопската општина Центар и познат македонски стопанственик од српско потекло, планира да отвори хотел во центарот на Белград, пишува Б92, повикувајќи се на српската Канцеларија за дијаспора.
Тодоровиќ оваа идеја му ја изнел на заменикот директор на канцеларијата за дијаспора Александар Влајковиќ, кој престојуваше во Македонија по повод свеченоста за празникот на српската заедница Свети Сава.Влајковиќ во таа прилика се состана со Тодоровиќ и со македонскиот премиер Никола Груевски, пишува Б 92.Тодоровиќ истакнал дека има намера да разговара со сопствениците на една голема деловна зграда во близина на најпознатата белградска улица Кнез Михаилова, кои биле познати по купувањето на некогашниот синџир на стоковни куќи „Београд“.Доколку успеал со нив да се договори, Тодоровиќ би се распрашал за купување на земјиште во Белград, на кое би го реализирал својот проект за отворање на хотел.Премиерот Никола Груевски, кој е лидер на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, на која и припаѓа и Тодоровиќ, изразил надеж дека српската држава и градот Белград ќе ја поддржат оваа македонска инвестиција, пишува Б 92.Александар Влајковиќ ја поздравил намерата на македонскиот бизнисмен да вложи средства во отворање на хотел во Белград, кој станува се поголема туристичка дестинација и изразил подготвеност на Канцеларијата за дијаспора да помогне во поврзување со надлежните институции, со цел намерата на инвеститорот што поскоро да се реализира.Македонскиот премиер истакнал дека Тодоровиќ е пример кој покажува дека Србите ги заземаат најистакнатите позиции во македонската држава и дека можат да бидат мост за поврзување со Србија, пишува на сајтот на канцеларијата за дијаспораВладимир Тодоровиќ важи за еден од најуспешните бизнисмени од српско потекло во Македонија. Роден е во Пирот, одраснал во Македонија, каде завршил Градежен факултет. Тој е сопственик на „Тинекс“, најголемата трговска мрежа во македонија, а го развива работењето и во друг области, пишува Б 92. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

