Економија
Владата со Оперативен план за нови вработувања
Владата го донесе Оперативниот план за поддршка при вработување за 2013 кој содржи повеќе активни програми и мерки кој треба да овозможи стимулирање и поддршка на нови вработувања.
Ова во петок на прес конференција го соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
„Покрај тоа што планот содржи шест мерки за поддршка на вработувањето на 2.000 лица кои ќе се реализираат преку директни плаќања од страна на државата за отворање на работните места, Владата во планот усвои нови програми кои значат поддршка на вработувањето преку финансиски стимулации за вработување и поврзување на работодавците и невработените лица. Со овие мерки се опфатени нови околу 2.000 лица, што значи 2.000 потенцијални вработувања, и за таа цел ќе бидат издвоени и ангажирани околу 1 000 000 евра“, рече Ѓорѓиев.
Тој додаде дека со оваа програма се опфатени 850 лица, од 25-49 години и за таа цел ќе бидат ангажирани над 19 000 000 денари.
„Приоритет ќе имаат лицата со основно и гимназиско образование, при што работодавачот не може да врши повеќе од една подготовка за вработување за исто лице, за исто занимање, за иста дејност“, рече Ѓорѓиев.
Подготовката за вработување трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката, да не го намали бројот на вкупно вработените лица со полно работно време во рок од шест месеци, и да доставува до Агенција за вработување на Република Македонија месечни евидентни листи за редовност.
Висината на паричните средства за невработено лице вклучено во подготовката изнесува 5.700,00 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. На работодавачот, за време на обуката му се исплаќаат средства за менторство и материјални трошоци месечно, во износ од:- 4.000,00 денари за ангажирање од 1 до 3 лица;- 7.400,00 денари за ангажирање од 4 до 6 лица;- 13.600,00 денари за ангажирање од 7 до 10 лица;- 18.000,00 денари за ангажирање од 11 до 15 лица;- 21.600,00 денари за ангажирање од 16-20 лица и- 25.000,00 денари за ангажирање над 20 лица.
Со обуката ќе се опфатат околу 200 лица од редот на невработени лица и за таа цел ќе бидат ангажирани 9 000 000 денари. Тоа се лица кои потешко доаѓаат до работа на пазарот на трудот и тоа:- Од 50-59 години;- Млади лица до 29 години со максимум средно образование;- Помали етнички заедници со посебен осврт на Ромите;- Лица-корисници на социјална помош;- Долгорочно евидентирани невработени лица. Подготовката за вработување трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката. Висината на паричните средства за невработеното лице, односно работникот вклучен во подготовката за време на обуката изнесува 5.700,00 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
По завршување на обуката, за вработените лица ќе се обезбеди субвенција преку финансиска поддршка за секое вработено лице во износ од 13.000,00 денари месечно, во период од 3 месеци, со обврска работодавачот овие лица да ги задржи на работа во наредните 12 месеци по истекот на периодот на субвенција и да не го намали бројот на вработените на неопределено време во рок од 1 година.
Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот Оваа програма опфаќа 250 невработени лица, за која цел ќе бидат издвоени околу 14 000 000 денари. Обуките ќе бидат насочени кон занимања кои се побарувани на пазарот на трудот, врз основа на Анализата на потреби од вештини подготвена од Агенцијата за вработување, Агенцијата за странски инвестиции, истражувања на организацијата на работодавачи, стопанските комори и информации од центрите за вработување, за што ќе се објави јавен оглас.
На лицата кои ќе бидат вклучени во обуката, за деновите на обука ќе им се обезбеди надомест за покривање на трошоците за храна и превоз во висина од 6.200,00 денари месечно по лице (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување). Обуката ќе се реализира во период од 2 до 3 месеци. По завршување на обуката, кандидатите ќе изведуваат практична работа во реални услови кај работодавачите, а ќе имаат и сериозна опција да засноваат и работен однос во зависност од покажаните перформанси.
Практикантство како прво работно искуство до вработување Со оваа мерка се опфатени 250 лица, и се предвидени околу 5 000 000 денари. Се планира да бидат опфатени млади невработени лица до 29 годишна возраст, а приоритет ќе имаат лицата со завршен четврти степен средно образование и високо образование, преку нивно вклучување во програми за практиканство за период од три месеци. За спроведување на оваа програма, ќе се исплаќаат по 6.200,00 денари за лице месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Право на учество имаат работодавачи кои имаат вработено најмалку едно лице. По завршување на практичната работа, работодавачот има обврска да вработи најмалку 30% од вкупно ангажираниот број на лица за практична работа и да ги задржи на работа наредните 6 месеци.
Обука за напредни ИТ вештиниОбуките ќе бидат насочени кон надградба на вештините од областа на информациските технологии на евидентираните невработени лица. Обуките ќе се реализираат во Скопје и во други градови, во зависност од обезбедените услови за обука и пројавениот интерес на невработените кандидати за учество во мерката. АВРМ ќе објави оглас до сите заинтересирани обучувачки центри, согласно со претходно утврдени критериуми од страна на Работната група и во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, ќе изврши избор. Времетраењето на обуката е до 4 месеци. По завршување на обуките, лицата добиваат уверение за посетувана обука и полагаат завршен испит за стекнување со меѓународен сертификат. За оваа цел се предвидени околу 4 000 000 денари, а се предвидува опфат до 500 лица.
Со овие програми Владата обезбедува можности за вработување преку финансиска стимулација на вработувањето за работодавците и за лицата кои бараат работа. Во понеделник, 04.02.2013 Владата, преку АВРМ, ќе објави календар на огласи и за овие програми и за мерките кои претходно беа објавени, и на кои огласи и лицата кои бараат работа и работодавците ќе може да аплицираат за добивање на средствата за овозможување на вработувањата. /крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

