Економија
Markit: Индустрискиот сектор во еврозоната на пат на закрепнување
Индустрискиот сектор во еврозоната е на пат на закрепнување, покажа најновото истражување на лондонската компанија Markit, чиј индекс во јануари достигна највисоко ниво за последните 11 месеци.
Индексот на менаџери на набавка (PMI) за индустрискиот сектор во еврозоната во првиот месец од годината достигна 47,9 поени. Во декември индексот изнесуваше 46,1 поен.Индустриското производство во еврозоната во јануари се намали 11-ти месец по ред, но со најбавно темпо од почетокот на надолниот тренд, забележуваат од Markit. Нагло е ублажен и падот на новите нарачки.Поединечните податоци повторно искажуваат големи разлики, па така индустриското производство во Германија бележи пораст прв пат по десет месеци благодарение на новите зделки и на новите извозни нарачки. Раст забележале и Холандија и Ирска.Во Франција падот на активностите во индустрискиот сектор повторно забрза во јануари, истакнуваат од Markit, предупредувајќи на најбрз пад на производството и индустриските нарачки во три и пол години.„Податоците упатуваат на заклучок дека индустрискиот сектор на еврозоната е на пат кон стабилизација, откако во последниот дел од минатата година бележеше пад“, констатира главниот економист на Markit, Крис Вилијамсон.Доколку должничката криза во еврозоната повторно не се влоши, податоците ги поткрепуваат очекувањата дека еврозоната е на добар пат да забележи раст на активностите најдоцна до средина на 2013 година“, нагласи Вилијамсон. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

