Економија
Обезбедени локации за нови бензински
Со цел овозможување нови инвестиции, отворање нови работни места и поддршка на локалниот економски развој, Владата обезбеди повеќе атрактивни локации во близина на автопати, регионални и магистрални патишта, кои се погодни за изградба на бензински пумпни станици односно попатни придружно-услужни објекти.
Како што информира, во недела, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, вцртани се маркички за изградба на комерцијални објекти, уредени се имотно-правните односи и одобрена е државна урбанистичка планска документација.
„Во следниот период се очекува објавување огласи по кои заинтересираните субјекти ќе можат да се пријават за учество во електронско јавно наддавање со цел отуѓување на земјиштето на локациите“, рече Ѓорѓиев.
Бензински ќе се градат на автопатот Табановце – Гевгелија (М1), од границата со Србија до Грција, потоа на локација Рамниште, Велес, на локацијата Чукур Балар, Велес, во месност Венуле, Градско, Голарија, Росоман и месноста Долна Лака, Демир Капија.
„Дополнително, во тек е финална постапка за обезбедување на уште една локација на автопатот Табановце – Гевгелија за изградба на бензинска пумпна станица и услужен центар во месноста Кулето, катастарска општина Виничани, општина Градско и откако ќе биде завршена постапката за изложување на земјиштето, оваа локација, исто така, ќе може да биде предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање“, додаде Ѓорѓиев.
Во следниот период ќе се објават огласи за отуѓување по пат на електронско јавно наддавање за земјиштето со цел изградба на нови бензински пумпни станици и попатни услужни содржини.
Бензинска пумпна станица и услужен центар на регионалниот пат Ново Село – Кадрифаково – Велес – Прилеп (Р526), на локацијата Корија, Велес, магистрален правец Битола – Беровци – Велес (М5), на магистрален пат Штип – Радовиш – Струмица (М6), во местата Лакавица и Остреш, к на регионален пат Куманово – Свети Николе (Р201), на делницата Штип-Кочани-Делчево (магистрален пат М5).
„Дополнително, Владата разработува и дополнителни проекти чија цел е збогатување со содржини на автопатскиот коридор 10 во насока на обезбедување на услови за вршење бизнис и воспоставување на содржини преку кои ќе може да се остварува дополнителен приход за локалните компании и трговци. Во таа насока се работи на разработка на проектите за организирање и отворање на времени сезонски мали пазари за земјоделски и рачно изработени производи на локации кај Куманово, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Удово и Смоквица“, рече Ѓорѓиев.
Во почетна фаза на разработка се проекти за можностите за обезбедување на локации на кои ќе биде возможно отворање на аква паркови. Првиот просторен потег на кој се разгледуваат опциите е во близина на Велес, кај езерото Младост, а вториот е на потегот помеѓу Струмица и Гевгелија.
Посебно се разработува можноста и опцијата за комплетно уредување и осмислување на содржина на големиот паркинг кој се наоѓа на автопатската делница Катланово – Велес, лоциран на 200 метри од границата на општината Петровец со општина Велес./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

