Економија
МЗШВ со поддршка на првите саемски манифестации во 2013 година
Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ) започна со реализација на поддршката на првите саемски манифестации кои ќе се одржат во 2013 година.
Имено, прв саем на кој ќе се претстават фирми од Македонија е саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“ (FRUITLOGISTIC) кој се одржува во периодот од 6 до 8 февруари 2013 година во Берлин.
На саемот се застапени следните компании од областа на свежо овошје и зеленчук: „Баџо“ ДООЕЛ експорт-импорт, ДПТУ „Туран Иван“ ДООЕЛ ехпорт-импорт, АД „Агролозар“, „Перминдекс“ експорт-иморт, „Агрокалем“ Неготино „Екооаза Самандов“ ДОО, АД „Гоце Делчев“ Тиквеш, АД „Агроплод“, „Фрута грозд“, и „Иви Пром“.
За претставување на овој саем Министерството за земјоделство одвои 51 илјада евра за штандот и обезбедување на простор на саемот.
Следен саем на кој ќе се претстават македонски компании е саемот ПРОДЕКСПО 2013, кој ќе се одржи од 11 до 15 февруари во Москва, со учество на следните шест изложувачи: Винарија „Тиквеш“ – Кавадарци, Винарија „Сковин“ – Скопје, Винарија „Стоби“ – Градско, Винарија „Далвина, Струмица, Винарија „Шато Камник“ – Скопје и Винарија „Винар“ – Скопје.
Саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“ Министерството за земјоделство го организира во соработка проектот на USAID за унапредување на земјоделството – АГбиз и консултанската фирма ЕПИЦЕНТАР, додека ПРОДЕКСПО 2013 е во заедничка организација на Министерството за земјоделство и македонско руската комора. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

