Економија
Министерот Димовски се сретна со претставници на Групацијата за свињарство
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во четврток одржа работен состанок со претставници Групацијата за свињарство и Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски.
На состанокот се дискутираше на повеќе теми и претставниците од групацијата дадоа конкретни мерки и предлози за подобрување на состојбата во свињарството.
Како најголем проблем ги истакнаа високите цени на суровините неопходни за исхрана на животните и немањето на доволни количини од сточна храна, за што дадоа предлог да се отворат стоковите резерви со јачмен со што значително ќе им се олесни моменталната состојба.
Исто така за да можата да склучуваат договори со полјоделците и да можат побргу да им ја платат жетвата дадоа предлог мерка за исплата на субвенциите за сточарите за 2012 година да биде до 30 април годинава, на што министерот Димовски им одговори дека веќе се воведува динамика во исплатата на субвенциите и нивното барање ќе биде земено во предвид.
Друг проблем кој го истакнаа е немањето на земјиште на кое би произведувале сточна храна со што всушност и долгорочно ќе го решат проблемот со набавка на сточна храна.
И тука министерот Димовски истакна дека на јавни огласи ќе се дава земјоделско земјиште кое ќе биде наменето само за сточарите и исклучиво за производтво на сточна храна.
На крајот на состанокот се договорија министерството да изготви информација со која ќе информира на наредниот Економскиот совет на кој би присуствувале и претставниците од групацијата за свињарство за да и таму ги изложат своите барања, со што всушност ќе се овозможи и побрзо решавање на нивните проблеми. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

