Економија
Груевски се сретна со претседателот на ЕБОР
Реализацијата на тековните проекти на македонската влада поддржани од ЕБОР и можностите за продлабочување на соработката и поддршка на стратешки проекти биле тема на средбата што ја имаше македонскиот премиер Никола Груевски со претседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти.
Како што соопшти владината прес служба, премиерот Груевски искажал благодарност и задоволство за досегашната плодна соработка и поддршката која доаѓа од страна на Европската банка за обнова и развој, а која се одвива во повеќе полиња како што се проектите од инфраструктурен карактер, изградбата на патишта, реконструкција на железницата како и повеќе проекти и инвестиции од сферата на енергетиката.Груевски истакнал дека проектите кои се реализираат со поддршка на ЕБОР обезбедуваат конкретни вработувања, унапредување на економијата, нови финансиски средства и раст во градежништвото, што резултира со подобрување на компетитивноста на економската понуда. Соговорниците се согласиле дека таа соработка ќе продолжи преку активна поддршка на нови конкретни проекти како што е отпочнувањето на проектот за изградба на пругата од делницата Куманово – Бељаковце што треба да не поврзе со Бугарија, потоа изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10 и воведувањето на електронски систем на наплата на патарините на патиштата, проектот за обновување на возниот парк во Македонски железници со цел да се обезбеди поефикасен и поекономичен транспорт на стока и патници, како и преку поддршка на процесот на гасификација на земјата, изградбата на хидроелектричната централа Бошков Мост и повеќе други клучни проекти од енергетиката.Премиерот Груевски и Претседателот на ЕБОР Чакрабарти заеднички се согласија дека во последниве години ЕБОР има обезбедено значителна поддршка за македонската економија, финансирајќи повеќе проекти за одржлива енергија како енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, во сферата на транспортот преку изградба и реконструкција на патиштата и железницата, директна или индиректна поддршка преку партнерските банки инвестиции во земјоделието, агробизнисот, поддршка на мали и средни претпријатија.Претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти, изразувајќи високи оценки за политиките кои ги реализира македонската Влада посочи дека ЕБОР продолжува да биде цврст и стратешки партнер на Владата на Република Македонија, и изрази убеденост дека во идниот период со заедничката реализација на проекти ќе се оствари економски развој на државата.Чакрабарти истакна и дека Банката има намера да остане целосно ангажирана подобрувајќи ја конкурентноста и олеснувањето на приватните инвестиции во корпоративниот и општинскиот сектор, да се промовира енергетската ефикасност и инвестиции во обновливите извори на енергија и унапредување на регионалната интеграција преку инвестиции во патниот, железнички и енергетскиот сектор. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

