Економија
Владата ќе финансира половина од трошоците за отворање бизнис во рурални средини
Владата подготви посебна програма која нуди значајна финансиска поддршка за отворањето и развојот на приватни бизниси и вработувања во руралните средини, со која се предвидува државата да дава финансиска поддршка во висина од 50 отсто од трошоците потребни за отворање и развојот на нов бизнис.
„Програмата значи давање на финансиска поддршка на отворањето на било каков бизнис од страна на граѓаните, од најмалите како автомеханичари, автоперални, фризерски салони, занаетчии и слично, до преработувачки капацитети и погони за производство на малите и средни претпријатија“, рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.
До сега оваа мерка за 50 отсто поддршка важеше само за набавка на земјоделска механизација.
Од годинава Владата одлучи да ја прошири оваа мерка и со неа да ги опфати и услужните дејности и сектори, значи сега нема да има лимит на поддршката во однос на нејзиниот опфат и поврзаност со земјоделството, туку полето за отворање на бизнисот е нелимитирачко и може да ја опфати која било стопанска дејност, со исклучок на медицината и фармацијата.
„На овој начин, Владата дава сериозна поддршка на развојот на македонските села, на овозможувањето на услови за економска егзистенција на граѓаните кои живеат во селата, на овозможувањето услови лицата да живеат и егзистираат таму, и спречување на одливот на население“, рече Ѓорѓиев.
За годинава за оваа мерка се одвоени и ќе бидат ангажирани околу четири милиони евра, што според проценките може да значи дека на овој начин ќе може да се отворат над 1.000 мали бизниси и да се реализираат најмалку 1.000 вработувања.
„За финансиската поддршка ќе може да конкурираат сите физички лица, трговци поединци, и мали и средни претпријатија од руралните средини, кои ги опфаќаат сите македонски села и градовите со население под 30.000 жители“, рече Ѓорѓиев.
Најдоцна до април ќе биде објавен јавен повик за аплицирање за средствата, на кој секој заинтересиран субјект ќе може да достави бизнис план до Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделието (ИПАРД агенцијата), кој ќе биде разгледан и кога ќе биде прифатен ќе се склучи договор помеѓу корисникот и Агенцијата, и согласно договорот на корисникот ќе му бидат исплатени парите во висина од 50 отсто од вредноста на бизнисот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

