Економија
Нови владини мерки за поддршка на македонскиот туризам
Со најновите мерки што ги презема владата планирано е да се прошири опфатот земји за кои Македонија дава субвенции за туристичките ператорите, а досега оваа мерка важеше за земјите од Бенелукс, а од 2013 година ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, соопшти во саботата портпаролот Александар Ѓориев.
Како што рече на прес-конференцијата владиниот портпарол, за следната 2014 година мерката со која финансиски ќе се поддржуваат тур-операторите ќе биде проширена и на пазарите на најмногунаселените земји во светот и брзорастечки економии Кина и Индија, а наредната 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за привлекување туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија.
„Ова е првата мерка на Владата во насока на развој на туризмот, која вклучува и продолжување на рокот за поднесување барања за субвенции од страна на туристичките агенции. Од досегашните 30 дена, рокот двојно се зголемува на 60 дена“, рече Ѓорѓиев.
Министерството за економија ќе изготви измени на упатствата и правилниците кои ја регулираат оваа област и мерките ќе почнат со примена.
„Ова беа директни барања на хотелиерите и бизнис комората на туристички работници, кои Владата ги прифати, и согласно нивните информации се очекува тие да ја прошират својата дејност и бизниси во нови региони, што би значело и туристи од нови земји кои ќе престојуваат во нашата земја, и во склоп со зголемените субвенции од 800 илјади евра на милион евра, очекуваме раст на туристите и можности за поголем прилив на средства кои потенцијалните туристи ќе ги потрошуваат во Република Македонија, во туризмот. но и во останатите стопански дејности кои имаат поврзаност со него“, рече портпаролот на Владата.
Втората мерка на Владата е во насока на поддршка на туризмот во домашните рурални средини.
Владата, рече нејзиниот портпарол Ѓорѓиев, ќе субвенционира 50 отсто од вкупните трошоците за инвестицијата. Јавниот повик за конкурирање за субвенции ќе биде распишан во април месец, додаде.
Ѓорѓиев најави и дека Владата ќе димензионира и нови мерки во насока на развој на руралните средини, во дејности како што е туризмот, како и за создавање нови работни места.
„Ова е првата мерка на Владата во насока на развој на туризмот, која вклучува и продолжување на рокот за поднесување барања за субвенции од страна на туристичките агенции. Од досегашните 30 дена, рокот двојно се зголемува на 60 дена“, рече Ѓорѓиев.
Финансиската поддршка за развој на рурален туризам ќе се однесува на воспоставување или модернизација на сместувачки капацитети (соби, апартмани, пансиони, колиби со самопослужување); угостителски услуги (готвење и послужување на храна); сместување на отворено (кампинг простори, бунгалови, авто кампови); комбинирани услуги од сместувачки и угостителски услуги; воспоставување соби за дегустација/продажни места за директна продажба на производите; рурални музеи за претставување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и др обичаи на руралната средина и рекреативни активности, спортски капацитети (затворени и отворени) и опрема, велосипедизам/пешачење/опрема за планинарење, објекти за чување коњи, простор за јавање и опрема, рибници и опрема за риболов, објекти за релаксација (затворени и отворени) и опрема, игралишта и опрема, зоолошка градина и опрема).
„За оваа цел Владата издвои и ќе ангажира околу три ипол милиони евра, средства кои се предвидени во Програмата за поддршка на руралниот развој. Повикот за аплицирање за овие средства ќе биде распишан во април од страна на Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделството(ИПАРД Агенцијата) и секое физичко лице, трговец поединец, мало или средно претпријатие ќе може да аплицира со поднесување на бизнис план. По прифаќањето на бизнис планот, ИПАРД Агенцијата ќе склучи договор со корисникот и согласно договорот ќе ги исплаќа средствата“, појасни Ѓоргиев .
Спроед него, ова претставува добра можност голем број субјекти да добијат средства за туристички капацитети во селата и населените места крај езерата и на планинските туристички центри, Пештани, Радожда, Дојран, Маврово, Пониква и останатите месат кои ги исполнуваат условите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

