Економија
Сараќини: Македонија е четврта најмалку задолжена европска држава
Министерот за економија Ваљон Сараќини во вторник на Економскиот факултет во Скопје со свое обраќање го отвори предавањето за студентите на тема „Светска економска криза: историја, причини и мерки”.
Предавањето е дел од проектот „Стопанската соработка на покраината Рајланд Фалц со Југоисточна Европа”, финансиран од страна на германското Сојузно министерство за стопанска соработка и развој и Министерството за економија, климатска заштита, енергија и просторно планирање на покраината Рајланд Фалц.
Овој настан се одржува во организација на Занаетчиската комора на Република Македонија, една од членките на Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчии, заедно со Економскиот факултет Скопје.
Во своето обраќање министерот Сараќини ги претстави економските политики на Владата на Република Македонија во услови на финансиска криза.
„Акумулираниот јавен долг останува главна причина за продолжувањето на европската должничка криза која на моменти го доведува во прашање опстанокот и функционирањето на Еврозоната и на еврото како валута. Тој во Грција достигна 160% од БДП, во Италија 120%, во Белгија 100%, а Франција и Германија го надминаа прагот од 80 отсто од БДП, што е последица на неодржливите јавни расходи во изминатите години. Уште повеќе загрижуваат минатонеделните предвидувања на Европската Комисија според кои, Еврозоната во 2013 година ќе се соочи со уште една година на рецесија, а невработеноста веројатно ќе ја надмине бројката од 20 милиони”, истакна Сараќини.
Според него, светските економски збиднувања неминовно се пресликаа во македонската економија, со оглед на нејзината отвореност кон европскиот пазар.
„Со одржување на макроекономска стабилност и фискална дисциплина останавме четврта најниско задолжена земја во Европа, со државен долг од околу 30 отсто од БДП и континуиран пораст на капиталните инвестиции од буџетот како директна поддршка на стопанството. А за одржлив развој на приватниот сектор континуирано работиме на создавање на предвидлива, поволна и атрактивна деловна клима, како и поттикнување на развојот на факторите кои влијаат на конкурентноста”, рече министерот за економија.
Министерот Сараќини потсети на реформите во даночниот систем и намалување на административните бариери, кредитната линија од 250 милиони евра за подобрување на ликвидноста и за инвестиции на нашите мали и средни претпријатија, со гарантна шема од МБПР и со субвенционирана камата до 5.5 отсто, четирите пакети антикризни мерки во соработка со бизнис заедницата, мерките за металуршката индустрија и за самовработување, субвенциите во земјоделството и капиталните инвестиции во делот на патната инфраструктура, транспортот и енергетскиот сектор.
„Особено важно за поттикнување на економскиот развој и привлекување на сериозни и познати странски компании, ги основавме Технолошко-индустриските развојни зони, од кои две се во Скопје и по една во Штип и Тетово (ЈПП) за која добивме неодамна оператор, норвешки конзорциум со големо искуство во работењето на вакви зони ширум светот. Паралелно, Владата работи на развојот на уште десет Технолошко-индустриски развојни зони на територијата на Македонија, а во тек е реализација на проектите од програмите за основни и деталните геолошки истражувања за енергетски и минерални суровини т.е. доделување на нови 60-тина концесии, на барање на бизнис секторот односно концесионери кои се воедно и’ инвеститори. Оттука, посебно се охрабрувачки прогнозите кои деновиве дојдоа од страна на потпретседателот на Европската комисија задолжен за економска и монетарна политика, Оли Рен, според кои Комисијата и предвидува поголем економски раст на Република Македонија во однос на ЕУ и на Еврозоната”, додаде Сараќини.
Во името на домаќините пред присутните се обрати Деканот на Економскиот факултет во Скопје, проф. д-р Љубомир Дракулевски, а претставниците на Занаетчиската комора Кобленц, м-р Петар Рехман и Ролф Вајдман, зборуваа за економските кризи низ историјата, ефектите од финансиска и должничката криза во Германија и во Европа, како и борбата против истата, додека пак, академик проф. д-р Таки Фити се осврна на економската криза во Македонија.
Инаку, ова е едно од низата предавања, во рамки на проектот, на теми кои се актуелни за малото стопанство и занаетчиството, со предавачи од Германија, кои се ангажирани од страна на Занаетчиската комора Кобленц, и кои се експерти од праксата, а една од областите на проектната работа е и соработката меѓу стопанството и високообразовните институции од Југоисточна Европа и Германија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

