Економија
ЕУ се договори за пакетот помош за Кипар
Министрите за финансии на земјите членки еврозоната за пакет финансиска помош во износ од десет милијарди евра за Кипар со кој оваа земја треба да биде спасена од банкротот што и’ се заканува.
Договорот е постигнат по преговорите на министрите за финансии на земјите членки на зоната на единствената европска валута и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Брисел.
Според договорот, за возврат Купар ќе мора да се справи со буџетскиот дефицит, да го намали банкарскиот сектор и да ги зголеми даноците. Кипарските банки беа изложени на огромниот државен долг на Грција којашто и самата западната во криза прими два огромни пакета меѓународна финансиска помош кои вкупно достигнаа 240 милијарди евра.
Пакетот за Кипар е мал споредено со заемите што ги добија другите земји од еврозоната западнати во криза, како Грција, но претставува повеќе од половината од 18-те милијарди евра вредност на кипарската економија.
Кипар, иако е најмалата земја членка на Европската унија, според стравувањата на експертите неговиот банкрот би можел да го дестабилизира европскиот финансиски систем.
Вистинскиот проблем на Кипар е тамошниот банкарски сектор, бидејќи е неколкупати поголем од кипарската економија. Пакетот помош за Кипар ќе го плати со воведување еднократен данок на клиентите на банките и нивните сметки.
Меѓународниот монетарен фонд ќе учествува во пакетот помош, како што учествуваше и досега во случаите на другите држави од еврозоната западни во кризи. Извршната директорка на ММФ, Кристине Лагард, издаде соопштение во кое вели дека ги поддржува условите од договорот, како и дека ќе ја препорача помошта на ММФ.
Кипар помошта официјално ја побара во јуни 2012 година кога кипарските банки беа десеткувани од загубите коишто им ги создаде грчкиот државен долг. Затоа беше сопрено кредитирањето, а економијата на Кипар западна во длабока рецесија.
Минатата година бруто домашниот производ (БДП) на Кипар падна за 2,4 отсто, а најновите прогнози велат дека и во 2013 година и натаму ќе паѓа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

