Економија
Продолжува падот на европскиот пазар на автомобили
Европскиот пазар на автомобили се намали во февруари за дополнителни 10,5 отсто, покажуваат податоците за февруари на Здружението на европски производители на автомобили (ACEA), а единствена светла точка била Велика Британија.
Во минатиот месец 26 членки на Европската унија (без Малта) регистрирани се 795.482 нови возила.Претходно во јануари европскиот пазар се намали за 8,7 отсто, со регистрирани 885.159 нови возила.Растот на бројот на нови автомобили повторно е забележан само во Велика Британија, за 7,9 отсто. Сите останати големи пазари во ЕУ бележат пад, кој се движеше од 9,6 отсто во Шпанија, 10,5 отсто во Германија, 12,1 отсто во Франција и 17,4 отсто во Италија.За првите два месеца од годината, во Еу биле регистрирани 1.681.073 нови возила, што е намалување за 9,5 отсто.Во целата 2012 година продажбата на автомобили во ЕУ (без Малта) паднала за 8,2 отсто, на 12,05 милиони возила. Се проценува дека во минатата година производителите на автомобили во овој регион загубиле околу седум милијарди долари.Европскиот пазарен лидер Volskswagen во февруари забележа пад на продажбата на брендот VW за речиси десет отсто, а на луксузниот бренд Audi за 3,8 отсто.Само три бренда успеале да ја зголемат продажбата во февруари. Корејски Hyundai забележа раст од 1,4 отсто, Mazda за 13,1 отсто, а Honda за 27 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

