Економија
Акцијата „Отворено со управата за имотно правни работи“
Министерството за финансии- Управа за имотно правни работи ги известува граѓаните дека во текот на месец март 2013 година ќе ја реализира акцијата “ Отворено со управата за имотно правни работи”.
На овој начин Управата за имотно правни работи излегува во пресрет на граѓаните, кои што ќе имаат можност во непосредна комуникација со стручните тимови на Управата за имотно правни работи, да добијат стручна помош за решавање на нивните проблеми од имотно правен карактер, како и да добијат одговор на нивните прашања од оваа област.Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата за имотно правни работи согласно следниот распоред: – Подрачно одделение за првостепена управна постапка Карпош- на 20.03.2013 и 21.03.2013 од 10.00 до 18.00 часот- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Центар – на 20.03.2013 и 21.03.2013 од 10.00 до 18.00 часот- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Кисела Вода – на 20.03.2013 и 21.03.2013 од 10.00 до 18.00 часот- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Куманово – на 22.03.2013 од 10.00 до 18.00 часот- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Битола на 25.03.2013 година од 10.00 до 18.00 часот- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Охрид и подрачно одделение за првостепена управна постапка Струга на 26.03.2013 година од 10.00 до 18.00 часот- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Гостивар и подрачно одделение за првостепена управна постапка Тетово на 27.03.2013 година од 10.00 до 18.00 часот и- Подрачно одделение за првостепена управна постапка Струмица и подрачно одделение за првостепена управна постапка Штип на 28.03.2013 година од 10.00 до 18.00 часот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

