Економија
ЕЦБ во понеделник ја прекинува помошта на кипарскиот банкарски систем
Европската централна банка(ЕЦБ) ќе ја прекине вонредната помош на кипарскиот банкарски систем во понеделник, ако не почне примената на планот за спасување на банките, јавува АП.
Агенцијата напомнува дека банките во Кипар се сè уште затворени, бидејќи властите се плашат од повлекување на големи суми пари.
„Банките на Кипар се затворени од минатата сабота. Ќе останат затворени и целата оваа недела и во понеделник заради празникот”, изјави портпаролката на централната банка Алики Стилјану.
Бордот на гувернери на ЕЦБ одлучи да дозволи давање на помош само до понеделник, но потоа помошта ќе биде продолжена само ако се усвои планот во договор со Европската унија(ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).
Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес се обидува да добие поддршка за изменетиот план за собирање на 5,8 милијарди евра за да биде одобрен планот за спасување на банкарскиот систем.
Кипарскиот парламент го отфрли претходниот план според кој би бил наплатен еднократен данок на сите штедни влогови.
Владата го промени планот, така што данокот не би бил наплатен од малите штедачи, туку само на големите влогови.
Според изменетиот план, банката Лаики, втор најголем кредитор, би била реструктуирана така што владата би ги презела ненаплатливите кредити, додека наплатливите заеми би биле продадени.
Слична стратегија би била применета и за најголемиот кредитор Банк оф Сајпрус. /крај/ап/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

