Економија
Грција со Кипар договори купување на грчките филијали на кипарските банки
Грција и Кипар објавија во петокот дека постигнале договор според кој грчките банки ќе ги откупат локалните филијали на паднатите кипарски банки, кои така би ги добиле потребните средства што беше еден од условите на еврозоната за пакетот помош за оваа медитеранска островска земја да го избегне банкротот.
Најмалку три грчки банки, од кои сигурни се „Alpha Bank” и „Piraeus” се подготвени да ги купат филијалите на три кипарски кредитора во Грција, а фондот за поддршка на банките ќе се состане подоцна о петок за да го одобри купецот, пренесува Reuters повикувајќи се на неименувани функционери.
„Кипарските филијали в Грција ќе бидат продадени на една грчка банка. Фондот ќе ги оцени доставените понуди на грчките банки”, изјавил за агенцијата висок функционер од Грчкиот фонд за финансиска за стабилност кој барал да остане анонимен.
Со тоа грчките банки би се заштитиле од кипарската криза, а воедно и да се намали пренапумпаниот кипарски банкарски сектор. Таквите трансакции беа и еден од условите на еврозоната за финансиска помош на Кипар, кој кипарскиот парламент неодамна го одби бидејќи го опфаќаше и непопуларното оданочување на банкарските штедни влогови.
Кипар во петокот објави дека договорот вклучува „најповолни услови,имајќи ги предвид актуелните околности”.
Трите водечки кипарски банки, „Bank of Cyprus”, „Cyprus Popular Bank” – CPB (поранешната „Laiki” банка) и „Hellenic Bank” имаат според обемот мали, но значајни работи во Грција. Нивните грчки филијали се затворени веќе една седмица откако кипарските власти донесоа таква одлука за да ги избегнат бранот повлекување на депозитите од страна на граѓаните и компаниите. Кипарските филијали заедно држат осум отсто од грчките банкарски депозити, 10 отсто од кредитите и имаат околу 300 ограноци.
Инаку министрите за финансии на земјите членки на еврозоната ги исклучија филијалите на кипарските банки во Грција од еднократниот данок на кипарските банкарски влогови под услов нив да ги преземат грчките банки, коишто исто така се докапитализирани со пакетот помош од европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Вкупната актива на „Bank of Cyprus” и CPB само во Грција изнесува околу 22 милијарди евра, што претставува 1,2 пати повеќе од вредноста на кипарското стопанство.
Доколку нивните грчки филијали бидат продадени, вредноста на активите на кипaрските банки повеќе нема да биде осум пaти поголема од кипaрскиот бруто домашен производ (БДП) туку „само” 6,8 пати, напомнуваат банкарите и економските аналитичари, што според меѓународните кредитори преставува чекор во вистинската насока./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

