Економија
Дали сте добар кандидат за МБА програмата?
Најпопуларниот портал во Македонија, Пулс 24 и Новинската агенција Макфакс и овозможуваат на македонската деловна јавност стипендииза меѓународно акредитираните MBA програми COTRUGLI Business School вредни 105.000 евра.
Пријавите трајат до 11.04 2013, а заинтересираните може да се пријават тука.
Како услов за пријавување за една од 12 стипендии потребно е да се има завршен факултет, познавање на англискиот јазик и одреден број на работно искуство. Карактеристична генерација на MBA програмата се состои од курсисти со најмалку три години работно искуство, кои доѓаат од различни пазари и сектори. За Executive MBA програмата (која е намента за middle и top менаџери) услов е минимум пет години работно искуство. Со цел да се разјасни дилемата во прилог следи одговорот на прашањето дали сте добар кандидат за MBA програмите.Работно искуство- Со оглед дека MBA програмите се потпираат на искуство на посетителите, релативното работно искуство е важен фактор при уписниот процес како и за успехот на самиот курс. Вообичаено станува збор за посетители со значајни менаџерски одговорности кои имаат можност веднаш да го применат знаењето и вештината развиена за време на предавањето.Работна атмосфера – Спротивно од врежаното мислење, економистите се само дел од групата (30 отсто) која ги посетува овие предавања. Големата вредност на програмата за деловен развој и напредок во кариерата ја препознаваат се повеќе и инженерите, фармацевтите, правниците, ИТ експертите и други. Кариерни цели – Значајно е однапред да се дефинира како посетителот ќе го искористи знаењето и вештината научени на MBA програмите во идниот развој на кариерата. Советодавателниот тим COTRUGLI Business School ќе ви помогне да ги ускладите сопствените цели со MBA програмот. Мотивација и личност – MBA посетителите поседуваат енергија и амбиција која ги издвојува од масата. Типичен MBA посетител е самоиницијативен и амбициозен поединец чиј предизвик е да ја подели водечката одговорност во групата и тимските проекти.Доколку се препознавте во текстот, тогаш секако Ви препорачуваме да ја искористите можноста, да се пријавите за стипендија и да го унапредите своето деловно знаење. Еве едно искуство од прва рака:Cotrugli е извонредна можност. Претставува прекрасен спој на теорија и пракса од светот на менаџментот. Професори со корпоративно и интернационално искуство. Дополнително, претставува одлична можност да создадете лични релации со генерацијата на сегашни и идни deceision makers кои ќе остават печат на економијата на регионот сега а и во следните 4-5 децении. Студенти се генерацијата на менаџмент ниво која е во залет или на топ позиции. Cotrugli секако е и забава, и бизнис етика. Нови знаења и нови бизнис перспективи. Од Cotrgli секако ќе излезете како подобра личност и професионалец. Пријавете се, Вреди !Viktor Stevkovski, Ein-Sof, COO. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

