Економија
Вашингтон Пост: Заборавете на Кипар, на ред е Словенија
Според сите индикации кризата во Кипар е готова приказна, а новата земја која почнува да загрижува е Словенија, пишува во текст во Вашингтон пост.
„Словенија имала прилично лоша недела со обврзниците, а се чини дека ќе треба и спасување. Тоа не е криза голема колку кипарската, но секако спаѓа во ‘опасната зона'”, нагласува Вашингтон Пост, кој се прашува како и зошто Словенија се најде во таква ситуација.
Весникот потсетува дека Словенија во 2004 година влегла во Европската унија(ЕУ) и за многу кратко време го заменила толарот со еврото.
Станува збор за мала економија која се потпира врз извозот, а на почетокот на 21 век имала раст поголем од еврозоната, но со растечки долг. ЗА разлика од другите земји кои имале проблем со кредитите на недвижнини, Словенија имала проблеми со корпорациите кои финансирале некои операции преку долг, а не преку капитал. Така во 2007 година се откри дека долгот на приватниот сектор пораснал за 23,5 отсто, додека нефинансискиот приватен сектор го зголемил долгот за 40 отсто. Многу од тие кредити се покажаа лоши, пишува весникот.
Вашингтон пост потсетува и на извештајот на ММФ од минатата недела, според кој трите најголеми словенечки банки, инаку во сопственост на државата, нема да преживеат без нови докапитализации. Станува збор за најмалку милијарда евра, додека во банкарскиот сектор зјае „дупка” наводно од најмалку седум милијарди евра лоши кредити. ММФ исто така нагласи дека соодносот на лоши кредити со 15,6 отсто во 2011 година порасна на 20,5 отсто во 2012 година.
Понатаму се нагласува дека се случила и смена на власта, а новата премиерка нагласила дека повеќе време сака да посвети на економијата, отколку на намалувањето на јавниот долг, што би можело да се одрази на кредитните рејтинзи.
ММФ смета дека на Словенија и се потребни 3,8 милијарди долари преку обврзници, од кои дури третина би требало да оди на банките. Ако останат ваквите бројки за постигање на оптималната цена за обврзница, ќе биде многу тешко. Тоа во крајна линија ќе значи дека земјата ќе мора да побара помош од ММФ, Европската централна банка или Европската комисија, со други зборови, на Словенија ќе и треба спасување.
Марко Крањец, кој е член на словенечката и Европската централна банка, смета дека спасувањето на Словенија на крајот нема да биде потребно и дека ситуацијата во Словенија е помалку сложена од онаа на Кипар. /крај/вп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

