Економија
Шведските тур оператори заинтересирани за Македонија

Република Македонија ја претстави својата атрактивна туристичка понуда и потенцијал на саемот за туризам во Гетеборг, Шведска.
Во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Амбасадата на Република Македонија во Шведска и Инвест Македонија, после долго време Шведските љубители на патувањата и Шведските тур оператори повторно добија можност да ја видат убавината која Македонија ја поседува.
На огромен штанд, туристичката понуда и капацитети ги презентираа македонските инкаминг тур оператори „Мак Сан Травел” и „Визит Македонија”, а присутни беа и туристичките агенции „Симониум” и „Фибула Травел” и хотелската асоцијација ХОТАМ.
„Повеќе од задоволен сум како течеше саемот. Беа направени состаноци кои ветуваат многу со едни од најголемите и најпознати тур оператори во Шведска како „Скондјет”, „Аполо”, „Фокус Травел” и „ Травел Колекшн”. Огромниот интерес за Македонската кујна е она што ме остави без текст, додека интересот за спа туризмот заедно со здравствениот и ловниот туризам се веднаш зад него. Швеѓани се многу љубопитен народ, отворен за нови предизвици и авантури”, рече Никола Костадинов, претставник од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Кире Илиовски изјави дека саемот во Гетеборг на кој по долг временски период Македонија се претстави со брендиран штанд, ќе го зголеми интересот на светските туристи за Македонија.
„Воспоставувањето директна авио линија на релација Скопје – Стокхолм со Wizz Air и зголемувањето на субвенциите од 25 евра на 65 евра за тур оператори од скандинавските земји ќе придонесе во наредниот период Македонија да биде на туристичката мапа на скандинавските тур оператори”, рече Илиовски.
Ова е 12-от по ред саем за туризам на кој Република Македонија ја претстави својата туристичка понуда. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.